Бизнис

„Алкалоид“ го објави бизнис планот за 2026 година

Нови инвестиции, вработувања, раст на продажбата и на извозот

Компанијата „Алкалоид“ АД го објави Бизнис-планот за 2026 година, кој е донесен со одлука на Управниот одбор на седницата одржана на 29.12.2025 година.

Што предвидува Бизнис-планот за 2026 година?

Приходи од продажби
Бизнис-планот за 2026 година предвидува консолидирани продажби од околу 361 милиони евра, што претставува раст од 7% во однос на очекуваните за 2025 година.

Продажби по сегменти
Сегментно, по профитни центри, 91 % од консолидираните продажби се очекува да ги реализира Фармација, а 9% Хемија, козметика и билкарство.

Продажби по пазари
Се очекува 34 % од консолидираните продажби да бидат остварени на домашниот пазар, додека, пак, 66 % од извоз.

Планирани резултати
Планираниот биланс на успех предвидува раст од 8 % на консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (EBITDA). Консолидираната нето-добивка е предвидена со раст од најмалку 7% во однос на очекуваната за 2025 година.

Инвестиции
Во изминатите две децении Алкалоид АД Скопје вложи повеќе од 250 милиони евра во континуирано инвестирање, раст и развој.

Клучни инвестиции
– Изградени се нов погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми, нов погон за пакување лекови, нов магацински простор за складирање суровини, како и нов погон за производство на цврсти форми.

– Во 2025 беше пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет.

Бизнис-планот за 2026 година предвидува инвестирање на околу 8 % од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства.

Истражување и развој

Истражувањето и развојот во Алкалоид АД Скопје обезбедува раст на богатото портфолио на компанијата.
Бизнис-планот во 2026 година предвидува раст од најмалку 10 % на издатоците за истражување и развој, со цел натамошна модернизација на генеричкото портфолио.

Животна средина и општествени прашања (ESG)
Компанијата ги воведе Environmental, Social and Governance (ESG-стандардите) за интеграција и за известување. Одговорноста спрема животната средина и спрема заедницата се составен дел од секојдневието.

Вработени
Во 2026 година се очекуваат околу 50 нови вработувања во Алкалоид АД Скопје и во друштвата во странство. Продолжуваат вложувањата во човечкиот капитал преку обуки и други придобивки.

Акции
Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година. Тие важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата.

Податоци за 2025 година
– Цената на акцијата се движеше од 24.000,00 до 31.099,00 денари, или просечно 26.905,83 денари за една акција.

– Ова претставува раст од 24 % во споредба со просечната цена на акцијата во истиот период од 2024 година.

– Цената на акцијата на последната трансакција на 29.12.2025 година изнесуваше 24.990,00 денари.

– Пазарната капитализација на компанијата во декември 2025 година изнесува 36 милијарди денари.

Дивидендна политика
Менаџментот ќе продолжи со досегашната дивидендна политика соодветно на остварените резултати. Планот предвидува алоцирање на дел од нето-добивката за дивиденда и за персонален данок, додека, пак, остатокот ќе биде за инвестиции.

90 години со „Алкалоид“

Алкалоид AД Скопје е компанија која девет децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.
Алкалоид АД е акционерско друштво во чии рамки работат два профитни центри: Фармација и Хемија, козметика и билкарство. Има 5 капитално поврзани друштва во земјава, како и 22 капитално поврзани друштва и 2 претставништва во странство (Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Бугарија, Турција, Украина, Руската Федерација, САД, Велика Британија, Романија и Казахстан).
Компанијата брои 2.200 вработени во земјава и 800 вработени во друштвата и во претставништвата надвор од Северна Македонија.

Продажна мрежа
Продажната мрежа е составена од 22 подружници и 2 претставништва под раководство од друштвото во С. Македонија.
Во 2007 Алкалоид ја основаше фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Нивната мисија
Нивната мисија е постојано да тежнеат кон поздрав свет, кон супериорен квалитет на производите и на услугите, како и кон висока професионалност и кон континуиран успех. Императив им е заштитата на интересите на сите вклучени страни. Основна определба им е грижата за здравјето и за квалитетот на живот на секој човек, за системот на здравствена заштита и за животната средина. Нивната заложба е континуирано унапредување на здравјето на луѓето, што се рефлектира преку нивното мото „Здравјето пред сѐ“.

Нивната визија
Нивната визија е „Алкалоид“, како глобално ориентирана компанија, да се стреми кон постигнување високи цели и дострели, кои ќе овозможат изразена конкурентност и пазарна позиција. Постојано се отворени за градење нови пазари и нови партнерства, а произведуваат и пласираат производи со највисок квалитет, применувајќи најсовремени технологии и деловни стандарди.

Нивните вредности
„Алкалоид“ АД Скопје, при извршувањето на своите деловни операции, се потпира на највисоките етички норми и стандарди. Уверени се дека етичкото водење бизнис е предуслов за постојан личен и деловен успех, а нивните клучни вредности се:
– Луѓето пред сѐ.
– Интегритет и чесност.
– Креирање на најдобрите резултати заедно.
– Лидерство базирано на вредности.

Најнови вести од: Бизнис

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и технологии

Станува збор за девет ученици од образовните профили машински техничар и бравар/заварувач, кои имаа можност одблиску да се запознаат со современите индустриски процеси и технологии што се применуваат во компанијата

Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија

Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори, рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Плата од над 2.000 евра за овчар, ама никој не сака да работи – нов скок на цената на храната

Земјоделците се соочуваат со потешкотии, како што се ниските откупни цени, но и недостиг од работна сила. Овчарите се дефицитарен кадар и веќе не може да се најде овчар ниту за плата од 2.000 евра. Надлежните велат дека кадар нема ни за лек, посебно млади земјоделци.

Генералното собрание на НФФ: Можност за развој на мали земјоделци и производители

Претседателот на НФФ го претстави и моделот на договорно производство како ефикасен механизам за обезбедување сигурен пласман и стабилни приходи за земјоделците, со конкретен пример од производството и пласманот на пченица.

Од 96 на 100 денари за литар масло, инспекцијата забележала поскапување и на цената кај јајцата

Пазарниот инспекторат пак на терен – велат дека трговците го почитуваат она што го ветиле кај премиерот. Млекото, млечните производи месото и сувемеснатите – се продаат по стара цена. Скок има кај маслото за јадење и кај јајцата, затоа што им се зголемиле цените на суровините за нив на светските берзи.

To top