Бизнис Свет

Американските царини стапуваат во сила на 1 август, можно ли е пак да има продолжување?!

Трамп извести најмалку 14 држави за новите царински стапки кои ќе стапат во сила на 1 август, со напомена дека таквата царинска политика би можела да се промени со договор во областа на трговијата. За Јапонија и Јужна Кореја е одредена царина од 25%.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека даноците ќе започнат да важат на 1 август и дека нема да има повеќе одложувања. “Немаше промени до овој датум, ниту пак ќе има промени.”

  • “Со други зборови, сите пари ќе доспеат за плаќање почнувајќи од 1 август 2025 година”, напиша тој на Truth Social.

Трамп додаде дека некои држави за кои се воведуваат давачки, биле информирани писмено вчера, додека други ќе добијат официјална нотификација во текот на денот. Трамп извести најмалку 14 држави за новите тарифни стапки кои ќе стапат на сила на 1 август, со напомена дека ваквата царинска политика би можела да се измени со спогодба во областа на трговијата.

За Јапонија и Јужна Кореја е утврдена царина од 25 проценти. Ист процент на царина е утврден и за Малезија, Казахстан и Тунис.

На Јужна Африка и Босна и Херцеговина им се воведени давачки од 30 проценти, на Индонезија 32 проценти, на Бангладеш и Србија 35 проценти, на Камбоџа и Тајланд 36 проценти, а на Лаос и Мјанмар 40 проценти.

Трамп во писмата ги предупреди земјите против воведување реципрочни мерки, нагласувајќи дека САД во тој случај ќе реагираат со воведување дополнителни давачки. Трамп во април објави основна царинска стапка од 10 проценти за повеќето земји и дополнителни давачки кои достигнуваат до 50 проценти. Потоа го одложи започнувањето на новите давачки до 9 јули за сите освен за оние земји на кои им беше одредена стапка од 10 проценти.

Најнови вести од: Бизнис Свет

Две финансиски друштва цел месец дена не смеат да издаваат кредити, изречени и глоби

Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

Се проширува пристапот до парите на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат

И физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во АЛТА банка АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги.

Вештачката интелигенција отвора можности за раст на продуктивноста во регионот, рече Вицегувернерката Митреска

Приоритет за регионот треба да биде поддршката за малите и средните претпријатија, развојот на дигиталните вештини и инвестициите во инфраструктурата, со цел придобивките од вештачката интелигенција да се преточат во повисока продуктивност и побрзо економско приближување кон ЕУ.

To top