Бизнис

Азески и Андоновски ќе презентираат дигитални алатки пред бизнис-секторот

Презентација на дигиталните алатки пред компаниите.

На иницијатива на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во просториите на Комората, пред компаниите членки, ќе бидат презентрани достапните дигитални услуги, решенија и можности што им стојат на располагање на компаниите, од страна на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

На средбата, претставниците на бизнис секторот ќе имаат можност да добијат информации за практичните придобивки од користењето на новите дигитални услуги и нивното влијание врз поедноставување на административните постапки и унапредување на ефикасноста во работењето.

На заедничка маса, со активно учество на претставници од органите и телата, низ дискусија и размена на информации и искуства, Комората има за цел активно да продолжи да придонесува во градењето на технолошко напредно општество и заеднички да  се создаваат подобри можности за дигиталната трансформација неопходно потребна на бизнис секторот и за целокупната наша економија.

Сите имаат можност да го проследат настанот во Стопанската комора, во присуство на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Најнови вести од: Бизнис

Коњановски: Декарбонизација не значи деиндустријализација

Зелената транзиција мора да ги земе предвид потребите на економијата и можностите на енергетскиот систем. Намалувањето на зависноста од јагленот треба да биде постепено, со обезбедено стабилно снабдување за индустријата и граѓаните

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

Најнови вести

To top