Бизнис

Бислимовски не очекува струен удар по џебот на домаќинствата

Според првиот човек на РКЕ барањата од енергетските оператори не навестуваат драстични промени

До крајот на овој или почетокот на следниот месец Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најави дека ќе ги соопшти новите цени за пренос и дистрибуција на електрична енергија, при што претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, не очекува значителни промени во овој дел.

Според првиот човек на РКЕ барањата од енергетските оператори не навестуваат драстични промени:

„Не верувам дека ќе има било какви поместувања на цените за пренос и дистрибуција“ изјави Бислимоски.

Крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи, која ја соопштува ЕВН Хоум како универзален снабдувач, ќе биде позната по завршувањето на тендерот и утврдувањето на цените од РКЕ.

Од АД МЕПСО, операторот на преносната мрежа, упатија уверување до граѓаните дека не очекуваат испади во текот на претстојниот зимски период, благодарение на континуираните инвестиции.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top