Бизнис

Буџетот на Албанија за в година дури 8,8 милијарди евра, со дефицит од 637 милиони евра

Фондот наменет за 11 концесионерски договори планиран е на 120 милиони евра, што е помал износ во споредба со 123-те милиони евра што се очекуваат за тековнава година. Албанскиот парламент по 16-часовна дебата, со 83 гласови „за“ оние на владејачкото мнозинство, околу 3 часот утрово го усвои Предлог-буџетот за идната година.

Албанскиот парламент по 16-часовна дебата, со 83 гласови „за“ оние на владејачкото мнозинство, околу 3 часот утрово го усвои Предлог-буџетот за идната година. Во заедничките фондови, околу 100 милиони евра се планирани за зголемување на пензиите, 135 милиони евра ќе се користат за рефундација на лекови, додека 50 милиони евра ќе одат за процесот за обнова, што подразбира обесштетување од природни непогоди.

Фондот наменет за 11 концесионерски договори планиран е на 120 милиони евра, што е помал износ во споредба со 123-те милиони евра што се очекуваат за тековнава година. Кога премиерот Еди Рама излезе на собраниската говорница, да го образложи буџетот, опозициските пратеници, со исклучок на двајца, му го свртеа грбот. На тоа Рама реагираше со зборовите: ми го олеснивте обраќањето, подобро да ви го гледам грбот, отколку вашето лица“.

  • Ова е историски највисок буџет, за консолидирање на одржлив социјален и здравствен раст. Предвидено е зголемувањето на платите, по категории, на наставниците, администрацијата, полицијата, здравствените работници и лекарите и медицинските сестри, и секако пензионерите. Пензиите ќе бидат 500 евра а просечната плата 850 евра, рече меѓу другото премиерот.

Најави дека до крајот на мандатот на оваа влада, 2029 година, негова цел е минималната плата во земјата да достигне 700 евра.

  • Се зборува за даноци и фискално оптоварување, но сакам да додадам дека во случајот со големиот бизнис, ние сме земја што ги оданочува оние што заработуваат најмногу. Сакам да напоменам дека до 2029 година, малите бизниси и понатаму нема да плаќаат данок на добивка. Ние како држава има највисоко ниво на бизнис без ДДВ во цела Европа, посочи Рама.

Дебатата мина во тензична атмосфера а отстранет од собраниската сала беше пратеникот Агрон Шехај, од опозицијата. На истата не присуствуваше лидерот на ДП, Сали Бериша, кому му е одредена мерка 20 дена неприсуство во салата, поради неетичко однесување на последната седница.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top