Бизнис

Дали и натаму младите со факултет работат во странство како келнери и се подобро платени?!

Со понуда на поатрактивни работни места, голем дел од вработените би биле подготвени да ја сменат својата моментална работа. Платата притоа не е секогаш пресудна – луѓето би го смениле работодавецот доколку целокупната понуда, од сигурна и навремена исплата, преку подобри работни услови, до можности за кариерен напредок, е подобра на друго место.

Еден куп фирми, дури до 70% според некои истражувања, се жалат на недостиг од квалификувана работна сила. Вакви жалби се слушаат не само во другите земји, особено во Западна Европа, туку и кај нас. Сепак, статистиките за нашата земја не покажуваат дефицит на работна сила. Главен предизвик е недостигот на соодветни квалификации во однос на потребите на работните места, што е индикација за недоволна комуникација меѓу економијата, учениците, студентите, нивните родители и надлежните институции, пренесе весникот Вечер. Ова го покажува извештајот на иницијативата „Хикатон“, во чија подготовка учествуваа 50-мина професионалци за човечки ресурси од триесетина македонски компании, во соработка со Македонската асоцијација за човечки ресурси и билатералните стопански комори на Австрија, Белгија, Бугарија, Велика Британија, Холандија и Комората на Северозападна Македонија.

Иницијативата беше поведена од економскиот советник во Владата, Јоханес Хајдекер, и од основачот на талент бизнис-инкубаторот „Степ-ап“ и претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси, Дарко Петровски.

  • Сегашната стапка на невработеност, поголема од 12 проценти, во земјата е релативно висока. Можно е дел од официјално невработените да работат во сивата економија, но добар дел од нив, веројатно, би прифатиле формално вработување доколку реално би постоела таква можност. Широко е распространето убедувањето, особено меѓу младите, дека на македонскиот пазар на трудот нема понуда на доволно квалитетни и пристојни работни места, што резултира со силна намера за емигрирање во поразвиените земји. Поради тоа, се претпоставува дека голем дел од оваа работна сила во странство, каде што се повисоки платите, прифаќа работни места со пониски квалификации отколку што би прифатил дома – покажа истражувањето.

Со понуда на поатрактивни работни места, голем дел од вработените би биле подготвени да ја сменат својата моментална работа. Платата притоа не е секогаш пресудна – луѓето би го смениле работодавецот доколку целокупната понуда, од сигурна и навремена исплата, преку подобри работни услови, до можности за кариерен напредок, е подобра на друго место.

  • Кога станува збор за младите од 15 до 29 години, повеќе од 50 отсто се неактивни во барањето работа, а стапката на невработеност кај оваа група е речиси 24 проценти. Големо влијание за тоа има несовпаѓањето на завршеното високо образование со реалните потреби на пазарот на трудот, како еден од значајните фактори за иселување. Поради тоа, се претпоставува дека голем дел од оваа работна сила во странство, каде што се повисоки платите, прифаќа работни места со пониски квалификации отколку што би прифатил дома – велат креаторите на истражувањето.

За надминување на ваквите состојби, покрај подобреното планирање од страна на образовните институции и кариерното насочување на средношколците и на студентите во насока на избор на бараните професии, моделот на дуално образование и практиките поврзани со реализацијата на практичната работа во текот на студиите во голема мера би го подобриле пристапот на младите луѓе до реалните работни можности и до работодавците.

Целта на извештајот е да прикаже повеќе различни методи за подобрување на процесот на менаџирање со луѓе што се реални и произлегуваат од практиката во околината во која функционираат македонските компании. Се разгледаа мноштво теми заради подобро претставување на постојните можности за привлекување кандидати преку соодветни бенефиции, практики за мотивација и наградување, како и за задржување на постојната работна сила во организацијата и нивни развој за да одговараат на тековните и на идните барања на работодавците.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top