Бизнис

Данокот на дохот мора да се плати, од 1.100 граѓани само 200 доставиле докази дека се е платено

Се остава време граѓаните кои работеле во странство и кои треба да платат данок на доход да можат да обезбедат докази дека за нив е платен данокот од компаниите во кои што работеле. Ова го изјави директорката на Управата за јавни приходи Елена Петревска, која рече дека ваквиот договор е постигнат во петокот на средбата со нив.

Данокот за приходите остварени во странство не е нова обврска и не станува збор за ретроактивно оданочување, порача директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, по средбата со стопанствениците во Сојузот на стопански комори на Македонија. Петрова објасни дека обврската за пријавување и оданочување на ваквите приходи постои уште од 2020 година, но призна дека дел од граѓаните денес се соочуваат со сериозни проблеми – особено при обезбедување документи за веќе платен данок во странство.

  • Свесни сме дека некои граѓани тешко доаѓаат до потврди од странските институции, па затоа УЈП ќе им излезе во пресрет – истакна Петрова, додавајќи дека ќе се прифаќаат различни видови докази, а паралелно ќе се воспостави и административна соработка со даночните власти во други држави.

Најмногу случаи има кај граѓаните кои работеле во Авганистан и во Ирак. Од околу 1.100 лица, документи досега доставиле приближно 200, додека за останатите УЈП побарала податоци и листи од компаниите преку кои биле ангажирани, со цел службено да ги провери информациите.

Дополнителни проверки ќе се вршат и за македонските државјани кои биле дел од мировни мисии, каде што, како што беше посочено, данокот бил платен преку Министерството за одбрана. Петрова најави дека аконтациските решенија за 2020 година ќе бидат заменети со конечни, а процесот на корекции привремено ќе мирува сè додека не се обезбедат сите потребни податоци.

Досега овие граѓани одржаа неколку протести и тоа во Тетово и во Куманово, градови од каде што најмногу има лица кои работат во странство. Тие бараа поништување на решенијата за данок бидејќи како што рекоа неправедно се оданочени.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

Најнови вести

To top