Бизнис

„Добра игра. Фер плеј“ – „Лидл“ започнува кампања за вработување

Лидл Македонија ја започнува кампањата за вработување

Лидл Македонија ја започнува кампањата за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата. Со слоганот: „Добра игра. Фер плеј“, оваа кампања има за цел да ги доближи можностите што ги нуди Lidl како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани лица да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност и почит.

Лидл Македонија нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени. Обуките траат од 6 до 8 недели и се дизајнирани да им овозможат на кандидатите да се стекнат со практични знаења и вештини потребни за успешно извршување на работните задачи. Работењето во Lidl се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква средина, секој вработен е важен, ценет и поддржан, а тимската работа е клучен фактор за успех.

„Со кампањата ,Добра игра. Фер плеј’ сакаме да испратиме јасна порака дека во Lidl секој има шанса да биде дел од тим кој функционира по јасни правила, со фер однос и со почит кон секој поединец. Нашата цел е да изградиме силен, професионален и посветен тим кој ќе расте заедно со компанијата. Веруваме дека вложувањето во луѓето е клучот за долгорочен успех и токму затоа создаваме средина во која развојот и напредокот се реални и достижни“, изјави Теодора Хаџи-Димова Танаскоска, директорка за човечки ресурси во Лидл Македонија.

Како дел од голем меѓународен малопродажен синџир, компанијата работи според воспоставени системи и процеси кои се развивани со децении и сега се применуваат и на македонскиот пазар. Ова овозможува сигурна и стабилна работна средина, како и јасни можности за учење, професионален развој и напредување.

Компанијата работи транспарентно и во согласност со сите законски норми, обезбедувајќи им на вработените сигурност и стабилност, но и дополнителни придобивки што придонесуваат за подобар квалитет на живот, вклучувајќи приватно здравствено осигурување и проширени здравствени прегледи.

Со своето децениско меѓународно искуство, покрај отворањето нови работни места, Lidl поставува и нови стандарди во однос на работните услови, организацијата и грижата за вработените, активно придонесувајќи кон унапредување на пазарот на труд. Повеќе информации за процесот на аплицирање се достапни на: https://jobs.lidl.mk/mk/karavan

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top