Бизнис

Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Причина за прогласувањето на кризна состојба е неможноста за набавка на мазут, кој е неопходен за производството на електрична енергија. Владата информира дека задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ ќе има обврска да доставува извештај за трошењето на мазутот до Владата и до Министерството за финансии.

На денешната 138. редовна седница, Владата на Македонија донесе одлука за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата. Одлуката следи по предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи и стапува на сила во рок од седум дена од денот на донесувањето.

Причина за прогласувањето на кризна состојба е неможноста за набавка на мазут, кој е неопходен за производството на електрична енергија. Владата информира дека задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ ќе има обврска да доставува извештај за трошењето на мазутот до Владата и до Министерството за финансии.

Со оваа мерка, Владата има цел да обезбеди непрекинато снабдување со електрична енергија и стабилност на енергетскиот систем во текот на наредните денови, додека се бараат долгорочни решенија за снабдувањето со енергенси.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

Најнови вести

To top