Бизнис

Државните Електрани на Македонија со 97 милиони евра ќе градат фотоволтаична централа

Кредитот од Европската банка за обнова и развој е со рок на отплата од 15 година со вклучен грејс период од 3 години. Каматата и за овој кредит е варијабилна. се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%. АД ЕСМ – Скопје, ќе и плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1 % од износот на заемот.

ЕСМ ќе се задолжи со 97 милиони евра за изградба на фотоволтаичната централа „Битола 3“ и да ја заврши почнатата ревитализација на хидроелектраните Вруток и Тиквеш, објави Плусинфо. Финансиската конструкција за изградба на фотоволтаичната централи изнесува 87 милиони евра, додека пак 10 милиони евра се потребни за завршување на ревитализацијата на хидроелектраните.

За реализирање на двата проекта ЕСМ ќе се задолжи со 60 милиони евра кај  германската Кредитната банка за обнова – КфВ од кои 50 милиони евра ќе бидат наменети за изградба на фотоволтаичната централа, а остатокот од 10 милиони евра ќе бидат потрошени за доплнување на финансиската конструкција за ревитализација на хидроелектраните.

Остатокот од потребните пари за изградба на фотоволтаичната централа „Битола3“ од  37 милиони евра ќе се обезбедат од кредитот од  Европската банка за обнова и развој. Законите за обезбедување на кредитите се на расправа во Собранието, а гаранција за нив дава државата.

Според она што се предвидува во Законот за задолжување кој денеска се разгледува на собраниската комисија за финансирање, рокот за отплата на заемот кај КФВ  е  12 години, со вклучен грејс период до 3 години. Каматната стапка ќе се утврдува одделно при секое повлекување од заемот. Таа ќе биде варијабилна и ќе се пресметува како збир на: – ЕУРИБОР за соодветниот период на камата и 6 – плус маргина која ќе се утврди на денот на склучувањето на Договорот за заем. ЕСМ ќе ѝ плати на Кредитната банка за обнова – КфВ еднократна провизија во висина од 1% од износот на заемот.

Кредитот од Европската банка за обнова и развој е со рок на отплата од 15 година со вклучен грејс период од 3 години. Каматата и за овој кредит е варијабилна. се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%. АД ЕСМ – Скопје, ќе и плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1 % од износот на заемот.

Според она што е наведено во законите за земање на заемите, со изградбата на фотоволтаичната централа Битола 3 се очекува да се добие зголемување на инсталираната моќност од обновливи извори на енергија од минимум 134 MW, како и зголемено производство на електрична енергија од околу 175 GWh годишно. Дополнително со  имплементација на проектот ќе се зголеми учеството на обновливи извори на енергија во земјата со што ќе се придонесе за исполнување на стратешките определби и обврските согласно меѓународните договори за учеството на обновливите извори на енергија. Исто така ќе се  уредат околу 200 хектари земјиште во кругот на рудникот во РЕК Битола, за кое АД ЕСМ има обврска за рекултивација.

Обезбедувањето на дополнителните средства за финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани ќе овозможи зголемување на производствениот капацитет за дополнителни 13,5 MW  и тоа дополнителни 3,5 MW во ХЕ Врбен каде е планирано да се замени турбинската опрема и 10 MW во ХЕ Тиквеш каде што треба да се заменат трансформаторите. Со тоа ќе се овозможи и дополнително производство на електрична енергија од околу 47,5 GWh/годишно.

Со ова, велат од ЕСМ, ќе се зголеми животниот век на хидроелектраните, целосно ќе се искористи водениот потенцијал на постојните хидроелектрани, а крајна цел е  да се зголеми сигурноста и стабилноста на целиот електроенергетски систем на земјата.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top