Бизнис

Дури 15 инвестиции, би донеле 300 милиони евра, само „Иловица-Штука“ тежи 340 милиони евра

Според оценката на Извршниот одбор на ММФ, македонските власти треба да спроведуваат мерки за да го задржат дефицитот на проектираното ниво. Дополнително, тие советуваат и да се креираат мерки со кои јавниот долг до 2035 година би достигнал ниво од 45% од бруто-домашниот производ, а засега е околу 60% од БДП.

Mеѓународниот монетарен фонд посочува власта да го задржи фискалниот дефицит на 3,5% за 2026 година. Сепак, еден од начините за ова да се случи се нови приходи во буџетот, а тие најсигурно се постигнуваат со нови инвестиции. Од Владата веќе брифираат дека се во преговори со десет до петнаесет компании, чии инвестиции би тежеле до 300 милиони евра. Наспроти овие 15 инвестиции, од друга страна постои и инвестиција која е во застој, а тежи над 340 милиони евра. Станува збор за рудникот за бакар во Иловица и имајќи предвид дека е инвестиција во рударската индустрија, а цените на металите на светско ниво растат, тоа означува и значително зголемување на македонскиот извоз.

Според оценката на Извршниот одбор на ММФ, македонските власти треба да спроведуваат мерки за да го задржат дефицитот на проектираното ниво. Дополнително, тие советуваат и да се креираат мерки со кои јавниот долг до 2035 година би достигнал ниво од 45% од бруто-домашниот производ, а засега е околу 60% од БДП.

  • „Извршниот одбор на ММФ ја поздрави континуираната посветеност на властите кон фискалната консолидација за зајакнување на отпорноста и одржливоста на долгот и забележа дека намалувањето на дефицитот на 3,5 проценти од БДП во 2026 година ќе бара веродостојни, конкретни мерки“, се истакнува во најновата оценка на ММФ посветена на Македонија.

Дополнително, во оценката се нагласува и важноста на зелената транзиција, за која пак се неопходни критичните минерали како бакарот, алуминиумот, никелот, литиумот и други, со цел да се изградат ветерници, фотоволтаици, уреди на електрична енергија…

  • „Подобрувањето на енергетската ефикасност и забрзувањето на зелената транзиција се исто така клучни за подобрување на енергетската безбедност, намалување на ранливоста од ценовните шокови на енергенсите и поддршка на одржливиот раст“, се додава во публикацијата на ММФ.

Од Владата неодамна брифираа дека се во преговори со 15-тина компании за инвестиции. Меѓу нив е германска мултинационална компанија која резервирала парцели за изградба на две фабрики. Понатаму, американска компанија која се наоѓа на листата Fortune 500 и веќе започнала активности за вработување, како и турска компанија, која веќе работи во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово и планира нови производствени погони.

  • „Сите овие инвестиции треба да генерираат градежни активности во вредност од најмалку 300 милиони евра“, брифираа од Владата.

Сепак, со само една инвестиција голем дел од предизвиците веќе би биле решени. Само за изградба на рудникот за бакар во Иловица, односно првата фаза, инвеститорот најави 340 милиони евра приходи за државата. Од „Еуромакс ресоурцес“ истакнаа дека станува збор за најголема гринфилд инвестиција, која ќе обезбеди над 500 директни и 2.700 индиректни вработувања, а предност во вработувањата ќе има локалното население. Ќе бидат склучени договори со локални компании во висина од околу 180 милиони евра за време на изградбата и ќе се трошат 73 милиони евра годишно за локални набавки и услуги. Понатаму, со генерирање на просечен годишен приход од 180 милиони евра, проектот ќе придонесе во зголемување на БДП за дополнителни 3%, што ќе има и значително позитивно влијание врз македонскиот извоз.

Од локалната иницијатива „И здравје и работа“ неодамна соопштија дека повеќегодишниот статус-кво околу проектот „Иловица-Штука“ не е во интерес ниту на локалното население, ниту на инвеститорите, ниту на државата. Оттаму забележаа дека наместо фактите, науката и стручните анализи, сè почесто главниот збор во дебатата за рударството во Македонија го имаат дезинформациите и најгласните коментари на социјалните мрежи.

  • „Во изминатиот период многу експерти предупредија дека Македонија не смее да остане настрана од европските и светските процеси поврзани со критичните минерални суровини. Европската Унија денес бакарот, литиумот и другите критични минерали ги смета за стратешки ресурс неопходен за енергетската транзиција, електромобилноста, дигитализацијата и индустрискиот развој. Во исто време, кај нас сè уште се водат расправи во кои мислењето на геолози, инженери и научници често се става во втор план пред шпекулации и сценарија кои не се поткрепени со научни факти“, истакнуваат од „И Здравје и Работа“.

За значењето на инвестицијата претходно во интервју зборуваше и претседателот на Здружението на металурзи, универзитетскиот професор Горан Начевски.

  • Проектот Иловица претставува една од најголемите потенцијални рударски инвестиции во Македонија во последните децении. Неговото значење се огледува во можноста за отворање нови работни места, зголемување на извозот, приходи во државниот буџет, локален економски развој и интеграција на земјата во европските синџири за снабдување со критични суровини. Од друга страна, разбирливо е што дел од јавноста изразува загриженост за можните влијанија врз животната средина, земјоделството и водните ресурси. Тие стравувања не треба да се игнорираат, но треба да се разгледуваат врз основа на стручни студии, техничка документација и независни експертски анализи. Доколку инвеститорот вложи во најсовремени технологии за заштита, проектот може да биде во функција на економијата без да ја загрози животната средина – истакна Начевски.

Според него, статус-кво состојбата во рударството значи дека Македонија губи повеќе отколку што добива – губиме потенцијални инвестиции, нови работни места и можност да се позиционираме како регионален снабдувач на критични минерали. Тој додаде дека во исто време, државата останува надвор од глобалните синџири на снабдување, што ја намалува нашата економска и стратешка тежина. Начевски заклучи дека во услови кога глобалната побарувачка за критични минерали расте, државите кои не ги развиваат своите ресурси ризикуваат да пропуштат инвестиции, нови работни места, технолошки развој и дополнителни буџетски приходи.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top