Бизнис

Еден потег на Трамп го уништи крипто пазарот, повеќе од 7 милјарди долари ликвидирани

Крипто пазарот претрпе огромен пад по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на 100% царини на кинескиот извоз и строги ограничувања на извозот на клучен софтвер, како реакција на кинеските рестрикции за ретки земни метали.

Крипто пазарот претрпе огромен пад по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување на 100% царини на кинескиот извоз и строги ограничувања на извозот на клучен софтвер, како реакција на кинеските рестрикции за ретки земни метали.

Неколку часа по објавата, цената на Биткоинот нагло падна под 110.000 долари, бележејќи дневен пад од преку 12%. Според податоците од „CoinGlass“, трговците кои очекуваа раст на пазарот изгубија над 7 милијарди долари поради масовни ликвидации на позиции, со вкупна вредност од 7,5 милијарди долари – рекордна еднодневна загуба во историјата на криптовалутите.

Најтешко погодени беа Биткоинот (1,83 милијарди долари), Етереумот (1,68 милијарди), Солана (614 милиони) и XRP (432 милиони). Присилното затворање на позиции, предизвикано од неможноста на трговците да ги покријат загубите, резултираше со бришење на преку 9 милијарди долари од пазарот за само 24 часа.

Аналитичарите од „Valuermarket“ го опишаа овој настан како најголемата еднодневна ликвидација во историјата на дигиталните средства, предупредувајќи дека ескалацијата на трговскиот конфликт меѓу САД и Кина може да предизвика дополнителна нестабилност.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија лани беше во првите пет во Европа на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни, рече премиерот

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24, зборувајќи за изградбата на коридорите 8 и 10Д и за другите инвестиции и во релација со економијата посочи на факти за раст на БДП, според кои и 2024 и 2025 година Македонија е во првите 5 во Европа според растот на БДП, за разлика од минатата влада кога Македонија по овој параметар беше последна во регионот.

Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

Азески, како член на Советодавниот одбор, тело составено од истакнати бизнис-лидери, експерти и професори, зеде активно учество во дискусијата на денешниот состанок  посветена на  долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците околу наставните методи на учење во новата ера кога интензивно се користи вештачката интелигенција, која треба паметно да се искористи во насока на унапредување, а не на уназадување на аналитичкото и критичкото размислување на младите генерации дипломци и постдипломци.

Колку работниците ќе излезат на улица на толку ќе им ги зголемат платите, велат од ССМ

Сите патишта водат кон Скопје, рече претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафило и ги повика работниците од целата држава да се приклучат на протест во Скопје за повисоки плати и подобар работнички стандард. Големиот работнички протест, како што рече почнува во 12:05 минути пред зградата на ССМ, а барањата остануваат исти – минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции

Нафта скокна над 100 долари за барел, се стравува од нов шок

Цената на нафтата од ноќеска повторно се искачи над 100 долари за барел, неколку дена откако го достигнаа максимумот. Од бизнис еснафот стравуваат од можни ценовни шокови, односно ако кризата продолжи, тоа ќе влијае врз глобалните залихи на гориво.

To top