Бизнис

Економските политики внимателно да го следат развојот на енергетските пазари, велат експертите

Инвестициите, особено инфраструктурните, придонесуваат за економски раст, но потребни се и подлабоки структурни реформи, сметаат економистите. Компаниите исто така мора да се модернизираат и да ја зголемат својата конкурентност.

Економските политики треба внимателно да го следат развојот на енергетските пазари. Во случај на ценовни осцилации, можно решение
се привремени интервенции преку даноци и акцизи, но тие треба да бидат временски ограничени и фискално одржливи. Променливата цена на горивата отвора простор за раст на инфлацијата, со ризик од евентуални поскапувања, особено кај храната поради зголемените енергенси. Барем за сега, цените се стабилни.

Експертската фела е загрижена за состојбата на Блискиот Исток. Деканот на економскиот факултет Мијалче Санта смета дека без развој и иновации, економијата нема да се развива. Вели мора да се даде фокус на младите претприемачи.

Инвестициите, особено инфраструктурните, придонесуваат за економски раст, но потребни се и подлабоки структурни реформи, сметаат економистите. Компаниите исто така мора да се модернизираат и да ја зголемат својата конкурентност.

Дека ризици постојат, свесни се сите, но ако треба, државата е подготвена за повеќе системски мерки. Како последно, според Државниот завод за статистика, инфлацијата во април на годишно ниво изнесува околу 5,7%, додека месечното зголемување е 1,3%.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите, рече гувернерот

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на Банката и на банкарскиот систем.

Филипче и СДСМ создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи ‘Алта банка’

Еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат оваа информација е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на „Алта банка“

To top