Бизнис

ЕЦБ предлага олеснување на правилата за малите банки во еврозоната

Европската централна банка сака да го намали бирократскиот товар

Frankfurt, Germany-August 16 : Euro Sign. European Central Bank (ECB) is the central bank for the euro and administers the monetary policy of the Eurozone. August 16, 2015 in Frankfurt, Germany.

Европската централна банка (ЕЦБ) презентираше пакет предлози за олеснување на регулаторните и надзорните обврски за малите банки во еврозоната, истовремено истакнувајќи дека нема намера да ги разблажи заштитните механизми воведени по финансиската криза од 2008 година.

Иницијативата се појавува во период на обновена дебата за банкарскиот надзор, по колапсот на американските регионални банки Силикон Вали Банк и Сигнатур Банк, како и по преземањето на Фирст Рипаблик Банк. Овие настани ги засилија критиките кон прекумерното олабавување на барањата за средните банки.

Во објава на блогот на Европскиот банкарски орган, Френк Елдерсон, потпретседател на Надзорниот одбор, денеска повика правилата да се применуваат пропорционално кон малите банки со поедноставени активности (SNCI – Small and Non-Complex Institutions). Станува збор главно за помалите банки што се под директен надзор на националните супервизори, во рамки на целокупниот надзор на ЕЦБ, а не за околу 110 големи банкарски групи како Дојче Банк, БНП Парибас и УниКредит, кои се под директен надзор на самата ЕЦБ.

Регулаторот предлага националните власти да го кренат прагот на средства под кој банката може да се смета за „мала“ од 5 на 10 милијарди евра, при што висината на прагот ќе зависи од карактеристиките на секој национален пазар.

Според проценките на централната банка, ваквите промени би можеле да го зголемат уделот на банките што спаѓаат во категоријата „мали банки со поедноставени активности“ од сегашните 75 на 85 проценти. Тоа би значело вклучување на околу 150 дополнителни банки. Истовремено, се планира значително намалување на административниот товар за речиси 1.000 мали банки, кои сега се обврзани да подготвуваат сопствени прогнози во рамки на стрес-тестовите.

Дополнително, бројот на финансиски индикатори што банките мора да ги доставуваат до супервизорите би се намалил драстично – од околу 13.500 на околу 700, според наводите на Елдерсон.

ЕЦБ ќе започне со примена на оние поедноставувања што спаѓаат во нејзините надлежности. Мерките што бараат измена на регулативата ќе треба да се усогласат со другите европски институции и супервизори.

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top