Бизнис

Каматите мируваат, новите кредити поскапи – монетарно движење во април

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, наведува Народна банка. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,16%.

Во април 2026 година, каматните стапки во банкарскиот сектор забележале стабилно движење со мали месечни корекции, покажуваат податоците за банките и на штедилниците. Просечната каматна стапка на вкупните кредити останува непроменета и изнесува 4,70 %, додека на годишно ниво е пониска за 0,41 процентен поен. Каматните стапки на вкупните депозити бележат благ пад и се сведуваат на 2,16 %. Кај новоодобрените кредити во април е забележан раст, при што просечната каматна стапка се зголемува на 4,57 %, и на месечно и на годишно ниво. Истовремено, раст бележат и новопримените депозити, кои достигнуваат 2,43 %.

Во корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити се зголемува на 4,35 %, како резултат на повисоките стапки кај сите кредитни компоненти. Новоодобрените кредити за компаниите во април изнесуваат 4,50 % и бележат пораст и на месечно и на годишно ниво.

Каматните стапки на корпоративните депозити се намалуваат на месечно ниво, додека кај новопримените депозити се бележи раст, особено под влијание на денарските и девизните вложувања.

Кај домаќинствата, просечната каматна стапка на вкупните кредити се намалува на 5,06 %, при што падот е резултат на пониските стапки кај денарските кредити. Новоодобрените кредити за граѓаните, исто така, се намалуваат и изнесуваат 4,65 %. Во тој период, депозитите на домаќинствата забележале минимално намалување и се движеле на 2,10 %, додека кај новопримените депозити се забележува благ раст на месечно ниво.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top