Бизнис Свет

Европската централна банка повика на посилен пазар на ЕУ за борба против царините

Европската Унија е подготвена да прифати трговски договор со Соединетите Американски Држави што вклучува универзална царина од 10 проценти за голем дел од извозот на ЕУ, но за возврат бара од САД да се согласат на пониски царински стапки за клучните сектори како што се фармацевтската индустрија, алкохолот, полупроводниците и комерцијалните авиони.

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, смета дека Европската Унија треба да одговори на царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп со зајакнување на својот единствен пазар.

  • Секако, САД се голема земја, важно место, а исто така и важен трговски партнер за нас. Но, она што треба да го направиме е да си ја средиме сопствената куќа, изјави денеска шефицата на централната банка за германското радио.
  • Имаме огромен потенцијал во Европа, рече таа и ја нагласи важноста да се обезбеди слободно движење на стоки, капитал и луѓе во рамките на заедницата, пренесе ДПА.

Лагард повика да се надминат внатрешните бариери и дополнително да се усогласат процедурите за лиценцирање и другите национални барања.

Претходно, Европската Унија е подготвена да прифати трговски договор со Соединетите Американски Држави што вклучува универзална царина од 10 проценти за голем дел од извозот на ЕУ, но за возврат бара од САД да се согласат на пониски царински стапки за клучните сектори како што се фармацевтската индустрија, алкохолот, полупроводниците и комерцијалните авиони.

ЕУ, исто така, инсистира на квоти и исклучоци за ефикасно намалување на постојните американски царини од 25 проценти за автомобили и автоделови, како и 50 проценти за челик и алуминиум, пишува „Блумберг“ повикувајќи се на извор запознаен со преговорите.

Најнови вести од: Бизнис Свет

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top