Бизнис

(Фото): Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во јули

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува билтенот на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Во продолжение целосно и другите акции со најголем раст и пад за јулскиот период.

По исклучително силниот јуни, кога Македонската берза живна поттикната од неколку крупни блок-трансакции, јули го донесе очекуваното смирување на тргувањето. Вкупниот промет се намали за 75,05 отсто и изнесуваше 380,5 милиони денари, односно 6,18 милиони евра. Пазарната капитализација опадна за 1,19 отсто, на 334,3 милијарди денари. Индексот МБИ10 го заврши месецот на 9.293,43 поени, што претставува пад од 2,4 отсто.

Пет акции го држат речиси целиот пазар. Акциите на Алкалоид, Комерцијална банка, УНИ Банка, Стопанска банка Скопје и на Макпетрол – остварија вкупен промет од 292,1 милион денари или 4,74 милиони евра. Тие креирале 88,94 отсто од целокупниот промет во јули.

Во фокусот на инвеститорите била акцијата на Алкалоид, што резултирало со месечен промет од 2 милиони евра и пазарен удел од 37,78 отсто. Во текот на јули се истргувани 5.361 акција преку 468 трансакции, по просечна цена од 22.957,10 денари, при распон од 22.300 до 24.500 денари.

Како и претходно во јуни, така и во јули акцијата на Комерцијална банка ја отстапи лидерската позиција. Низ 459 реализирани трансакции сопственик смениле 4.390 акции, по просечна цена од 25.916,08 денари, додека во текот на месецот движењата биле од 25.200 до 26.700 денари. Прометот е во износ од 113,8 милиони денари (1,8 милиони евра) со учество од 34,92 отсто.

Меѓу најликвидните е и акцијата на УНИ Банка со промет од 34,4 милиони денари (557 илјади евра) и удел од 10,55 отсто. Истргувани се 4.977 акции преку 62 трансакции. Притоа, цената била во опсег од 6.500 до 6.960 денари, со просек од 6.905,80 денари.

Солидно тргување е забележано со акцијата на Стопанска банка Скопје, со промет од 11,3 милиони денари (183,7 илјади евра). Износот зафаќа 3,48 отсто од прометот. Во 70 трансакции се истргувани 5.754 акции, по просечна цена од 1.967,40 денари. Вредноста на оваа акција опаѓа неколку месеци наназад, а во јули се движела меѓи 1.900 и 2.000 денари.

Меѓу петте најтргувани е и Макпетрол, иако биле продадени само 87 акции во 36 трансакции. Поради високата цена на акцијата, прометот достигнал 9,54 милиони денари (155 илјади евра), со учество од 2,93 отсто. Просечната цена изнесувала 109.649,26 денари, а тргувањето се одвивало во гранците од 107.000 до 111.999 денари.

Меѓу сите осипувања забележани на Македонска берза во јули е и бројот на трансакциите. Намален е за 7,21 отсто – на 1.352.

Кај класичното тргување е регистриран пад од 11,45 отсто и износ од 335,4 милиони денари. Притоа, прометот со акции се намалил за 13,06 отсто, на 328,4 милиони денари. Воедно, вредноста на блок-трансакциите паднала за 96,06 отсто, од јунските 1,15 милијарди денари на 45,1 милион денари. Но, тргувањето со обврзници се зголемило – за високи 605,5 насто и достигнало до 6,97 милиони денари.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top