Бизнис

(Фото): Синдикатот бара минимална плата од 600 до 700 евра – се закани со протести

ССМ најавува дека нема да чека март за зголемување на минималната плата за 1.600 денари – износ кој, како што велат, е навредлив и недоволен за основните потреби. Велат, ниту еден работник не бил избркан поради покачување на плата, додека секојдневно се соочуваат со раст на цените кој ги надминува нивните примања.

Реакции за минималецот на најголемиот Синдикат во Македонија. Потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Иван Пешевски, остро реагираше на изјавата на министерот за економија Бесар Дурмиши дека зголемувањето на платите може да предизвика откази. Пешевски оцени дека е „несериозно и безобразно“ лица кои земаат плати од три до четири илјади евра да тврдат дека работник не заслужува 500 евра. Според него, ниту еден работник не бил избркан поради покачување на плата, додека секојдневно се соочуваат со раст на цените кој ги надминува нивните примања.

  • „Апсурдно е да одлучуваат луѓе со илјадници евра плата колку може да преживее работник со 400 евра. Инфлацијата не се разгоре поради работничките плати, туку поради 78-те проценти зголемување на платите кај функционерите и избраните лица, додека приватниот сектор се бори да стигне до 500-600 евра со прекувремена работа“, изјави Пешевски.

ССМ најавува дека нема да чека март за зголемување на минималната плата за 1.600 денари – износ кој, како што велат, е навредлив и недоволен за основните потреби.

  • „Како работници нема да го чекаме март за да добиеме милостина од 1.600 денари. Подготвуваме протести и штрајкови на национално ниво, слично како минатата година“, порача Пешевски.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговори за интервентно покачување надвор од законската формула се водат меѓу синдикатите и работодавачите, по што се очекува средба на Економско-социјалниот совет.

Синдикатот спроведе анкета на 1.613 испитаници. Резултатите покажуваат:

  • 42% сметаат дека минималната плата треба да изнесува 700 евра,
  • најголем дел, 99,5%, бараат зголемување до крајот на годинава.

Во моментот, минималната плата е далеку од бараните 500 евра, а следното законско зголемување е најавено за 2026 година – што синдикатите го сметаат за недоволно и задоцнето.

Најнови вести од: Бизнис

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

To top