Бизнис

Гацов прогнозира: 2026 година е одличен тајминг за почеток на серија економски реформи

Минатата 2025 беше година на одржување на постојната економска кондиција на државата. А оваа треба да биде година на придвижување на економијата и раст на бруто домашниот производ. Сепак, за ова да се случи, потребни се реформи кои ќе создадат услови за ослободување на бизнисот од административните стеги, вклучување на нерегистрираните трговци во легалниот еко систем, почитување на прописите во секој поглед од сите учесници, системско санкционирање на прекршителите.

Каква економска година реално не очекува?! Економските експерти со прогноза за 2026 година. Велат, нѐ очекува – стабилизација или нови удари врз животниот стандард. Нивните одговори отвораат клучни прашања за неопходните реформи и наместо новогодишна честитка носат јасна порака до Владата за тоа што повеќе не смее да се одложува. Овде, пред сѐ, мислам на правосудството, дигитализацијата, јавните инвестиции, систематската борба против сивата економија итн, пренесе Пари.мк.

Во реалниот живот годините се само отсечки на времето кое тече без застој. Затоа и ништо не се случува одеднаш и неочекувано. Сѐ има континуитет. Надежта и очекувањата во 2026 година произлегуваат од реализираното и планираното во 2025 година. Се чини дека, сепак, во 2026 година може да очекуваме реализација на некои од ветувањата за промени во општествено-политичкиот и економскиот систем на државата, смета даночниот експерт Павле Гацов.

Од друга страна, извесно е дека во 2026 година ќе продолжат истите безбедносно-политички ризици и економските предизвици пренесени од минатиот период, засилени со новиот модел на економски мултиполарен протекционизам во светот. Забавувањето на германската економија директно и американските царини индиректно, имаат негативно влијание врз македонската извозно ориентирана автоиндустрија. Како последица на овие глобални економски и безбедносни процеси, постои ризик од контракција на работењето на извозните индустриски капацитети и отпуштање на работници со специфични знаења. Извозот ќе биде под притисок на глобалните случувања.

Државата ќе продолжи со реализација на започнатите инфраструктурни проекти, поддршка на градежниот сектор и раст на бруто инвестициите и јавната потрошувачка како главна потпора за растот на бруто домашниот производ.

На административен терен очекувам клучни за подобрување на економијата да бидат реформите во правосудството и јавната администрација, особено делот на дигитализација на процесите на државната управа, борбата против сивата економија и даночната евазија. Истовремено, а заради товарот на отплата на јавниот долг и трансферите кон Фондот за ПИО и другите трансфери кои ја слабеат потенцијалната инвестициска сила на државниот буџет, потребно е отворање на серија економски реформи кои ќе овозможат побрз економски развој. 2026-та е одличен тајминг за почеток на еден ваков процес.

Минатата 2025 беше година на одржување на постојната економска кондиција на државата. А оваа треба да биде година на придвижување на економијата и раст на бруто домашниот производ. Сепак, за ова да се случи, потребни се реформи кои ќе создадат услови за ослободување на бизнисот од административните стеги, вклучување на нерегистрираните трговци во легалниот еко систем, почитување на прописите во секој поглед од сите учесници, системско санкционирање на прекршителите. Повеќе на порталот Пари.мк.

Најнови вести од: Бизнис

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Какви мерки предлагаат експертите во однос на енергетска криза?!

Зголемувањето на инфлацијата е неизбежно, со оглед на тоа дека кризата на Блиски Исток има трипати поголем потенцијал од онаа која произлезе од војната во Украина – оценка на економските експерти. Советуваат подобра координација на фискалната и монетарната политика, зголемување на каматната стапка при заострување на состојбата, поддршка на ранливите категории граѓани и на бизнисот за одржување на ликвидноста.

Се враќаат парите од солидарниот данок – дел сега, дел в година

Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот […]

Најнови вести

To top