Бизнис

Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион, вели Николоски

Завршена е постапката за избор на изведувач, за реконструкција на улици во населените места Моин, Прдејци и Богородица и наредниве денови почнуваат со работа што ќе е вондредно значајно за овие три населени места, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој беше во посета на Гевгелија.

Реализиравме бројни проекти, во првиот и во вториот повик, како и проекти кои што се финансирани од страна на Министерството за транспорт, каков што е овој Западен булевар, на кој што се наоѓаме во моментов. А исто така сакам да најавам и нови проекти коишто ги планираме за следниов период. Завршена е постапката за избор на изведувач, за реконструкција на улици во населените места Моин, Прдејци и Богородица и наредниве денови почнуваат со работа што ќе е вондредно значајно за овие три населени места, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој беше во посета на Гевгелија.

Тој изрази надеж дека кандидатот за градоначалник на Гевгелија ќе победи уште во првиот круг и оти проектите што ги започнале ќе ги продолжат да ги реализираат во наредните години.

  • Во тек е изработка и на проектна програма за изработка на комплетна проектна документација, за проширување со подобрување на геометриските елементи на патот од Гевгелија до Ново Коњско во должина од 5 километри, што мислам дека е многу значајно, и во текот на следната година целиот ќе биде завршен. Понатаму, преку Управата за водостопанство и Министерството за земјоделие, а во дел на изградбата на новата брана Коњско, каде што и Министерството за транспорт активно учествуваше, ќе работиме на пат кој што оди од брана Коњско до Ново Коњско и исто така до  крајот на 2026 година треба да е завршен. А веќе во 2027 година, очекувам и браната да е наполнета односно да функционира и самата брана која што ќе е многу значајна за целиот овој регион. И секако третиот дел, од брана Коњско до Смрдлива Вода, којшто очекуваме да се заврши некаде до 2027 година во должина од 5 километри.

Кога сето ова ќе се стави во контекст на развојот кој што го правиме во рамки на општината, продолжи Николоски, како и најголемиот проект на кој што и активно работиме и активностите одат одлично, а тоа е брзата пруга каде што Гевгелија ќе има централно место, односно после скопската гевгелиската ќе е најголема железничка станица.

  • Тоа ќе значи дека до Солун ќе се патува некаде за 30тина минути, а некаде до Скопје, час, час и 15 минути. Мислам дека Гевгелија ќе добие комплетно централно место не само во државата туку во целиот регион и за бизнис и за туризам и сето она што ќе го прави животот на граѓаните подобар, нагласи Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top