Бизнис

Гувернерот Трајко Славески очекува пад на инфлацијата на 2,5%

Оптимистички прогнози на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Според она што го изјави, Славески очекува економскиот раст во 2026-та да биде речиси 4 проценти. Според него јавните инвестиции во патната и во железничката инфраструктура, како и инфраструктурните проекти на локално ниво, ќе имаат важна улога во поддршката на економскиот раст.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најавува дека инфлацијата во Македонија ќе се намалува и годинава ќе се сведе на 2,5%, а потоа постепено ќе се врати на историскиот просек од околу 2%. Додека Народната банка очекува стабилизација на цените, Државниот завод за статистика во последниот извештај за декември 2025 година посочува дека трошоците за живот за една година пораснале за 4,1%.

Народна банка очекува стабилизација на цените. Според Славески, домашната економија досега покажува отпорност на глобалните ризици, а позитивните трендови ќе продолжат и годинава. Важна улога ќе имаат јавните инвестиции во патната и железничката инфраструктура, како и локалните инфраструктурни проекти.

  • „Очекуваме солидно закрепнување на економијата, поттикнато од јавни и приватни инвестиции, особено во производствениот и енергетскиот сектор. Дополнителен импулс ќе даде приливот на странски директни инвестиции“, вели гувернерот во изјава за магазинот „Економија и бизнис“.

Славески прогнозира дека економскиот раст годинава ќе изнесува околу 4%, потпомогнат од умерен раст на расположливиот доход на домаќинствата, стабилна кредитна активност на банките и закрепнување на извозот на стоки и услуги.

Во ноември месец минатата година, НБРМ проектираше дека 2025-та година ќе ја завршиме со годишна инфлација од околу 3,9 отсто, а во 2026-та очекувањата беа дека таа ќе се смири и ќе биде некаде околу 2,5 отсто.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

To top