Бизнис

Инспекцијата изрекла казни тешки два милиони евра за само една година

Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме, за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е зголемувањето на казнената политика. Предлогот е сегашната казна од 20.000 евра повеќекратно да се зголеми што и не е многу со оглед што станува збор за големи супермаркети и трговски компании во земјава, најави заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

Има предлог, кој со сигурност ќе го прифатиме, за повеќекратно да се зголемат казните од сегашните 20.000 евра за непочитувањето на Законот за нефер трговски практики, најави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Tој имаше средба со бизнисмените од прилепската регионална стопанска комора.

  • Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме, за поголемо почитување на Законот за нефер трговски практики е зголемувањето на казнената политика. Предлогот е сегашната казна од 20.000 евра повеќекратно да се зголеми што и не е многу со оглед што станува збор за големи супермаркети и трговски компании во земјава. Инаку, ги охрабрувам компаниите од регионот, посебно за производство на храна, да пријавуваат законски прекршувања до Комисијата за заштита на конкуренцијата – вели Ристески.

Ристески рече дека се фокусирани на инспекциските контроли за сузбивање на сивата економија, заштита на животниот стандард и за стабилизирање и намалување на инфлацијата.

  • Комисијата за заштита на конкуренцијата и Државниот пазарен инспекторат постојано се на терен по пријави, дојави, но и по нивно видување, зашто имаат годишна програма за работа. Секаде каде ќе бидат констатирани законски прекршувања, правните субјекти ќе бидат казнети. Мислам дека сме на добар пат да го направиме тоа. Гледам дека инфлацијата веќе се стабилизира, почнува и благо и да се намалува, посебно во поглед на основните прехранбени производи. Иако тоа не е доволно и сметаме дека во наредниот период со една таква добра политика ќе успееме повеќе да го заштитиме животниот стандард на граѓаните и инфлацијата да биде на едно стабилно, би рекол, европско, ниво. Се фокусираме на инспекциските контроли и транспарентно објавување на цени – вели Ристески.

Од ноември лани до септември годинава, Државниот пазарен инспекторат има направено 18.000 инспекциски надзори на ниво на Македонија и се изречени казни во вредност од околу 120 милиони денари (2 милиони евра) за непочитување на законските регулативи.

Ристески најави дека се подготвува унифициран софтвер за трговците.

  • Се подготвува нов софтвер кој ќе биде презентиран во наредниот период. Ќе биде унифициран и бесплатно даден на сите трговци за транспарентно објавување на цените. Граѓаните ќе може сами да си креираат пазарна кошничка – изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија лани беше во првите пет во Европа на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни, рече премиерот

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24, зборувајќи за изградбата на коридорите 8 и 10Д и за другите инвестиции и во релација со економијата посочи на факти за раст на БДП, според кои и 2024 и 2025 година Македонија е во првите 5 во Европа според растот на БДП, за разлика од минатата влада кога Македонија по овој параметар беше последна во регионот.

Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

Азески, како член на Советодавниот одбор, тело составено од истакнати бизнис-лидери, експерти и професори, зеде активно учество во дискусијата на денешниот состанок  посветена на  долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците околу наставните методи на учење во новата ера кога интензивно се користи вештачката интелигенција, која треба паметно да се искористи во насока на унапредување, а не на уназадување на аналитичкото и критичкото размислување на младите генерации дипломци и постдипломци.

Колку работниците ќе излезат на улица на толку ќе им ги зголемат платите, велат од ССМ

Сите патишта водат кон Скопје, рече претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафило и ги повика работниците од целата држава да се приклучат на протест во Скопје за повисоки плати и подобар работнички стандард. Големиот работнички протест, како што рече почнува во 12:05 минути пред зградата на ССМ, а барањата остануваат исти – минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции

Нафта скокна над 100 долари за барел, се стравува од нов шок

Цената на нафтата од ноќеска повторно се искачи над 100 долари за барел, неколку дена откако го достигнаа максимумот. Од бизнис еснафот стравуваат од можни ценовни шокови, односно ако кризата продолжи, тоа ќе влијае врз глобалните залихи на гориво.

To top