Бизнис

Инстант-плаќањата ќе овозможат трансфери за неколку секунди, 24 часа во денот, вели Славески

Гувернерот посочи дека оваа иницијатива има и европско значење. Северна Македонија е меѓу земјите од Западен Балкан на коишто им е понудено, уште пред членството во Европската Унија, да се приклучат кон системот за инстант-плаќања на Европската централна банка.

Развојот на платните системи е еден од приоритетите на Народната банка, а воведувањето на инстант-плаќањата преку националната платформа, која претставува клон на европскиот систем ТИПС, ќе биде значаен чекор во модернизацијата на домашната платна инфраструктура. Ова го истакна гувернерот на Народната банка Трајко Славески во гостувањето во централниот дневник на „Македонската телевизија“.

  • „ТИПС-клонот е систем на инстант-плаќања каде што плаќањата ќе се извршуваат за неколку секунди, со релативно ниска цена и тоа 24 часа, не како што имаме ситуации по завршувањето на работното време да треба да очекувате наредниот ден или парите да стигнат на сметка за ден-два. Парите стигнуваат во истиот момент, 365 дена во годината“, посочи гувернерот.

Тој објасни дека во првата фаза инстант-плаќањата ќе се реализираат преку постојните канали на мобилното и електронското банкарство, што ќе овозможи побрзи и поедноставни трансфери на средства, независно од работното време на банките и од денот во неделата. Славески нагласи дека понатамошниот развој на инстант-плаќањата отвора можности и за нови форми на плаќање, како што се плаќања на продажни места, плаќања со кодовите за брз одговор (QR), како и трансфери преку користење број на мобилен телефон или електронска адреса, без дополнителни посредувања што ги зголемуваат трошоците.

Воведувањето на ТИПС-клонот е дел од пошироките активности на Народната банка за унапредување на платната инфраструктура, зголемување на ефикасноста на плаќањата и обезбедување современи, брзи и достапни платежни услуги за граѓаните и компаниите.

Воедно, гувернерот посочи дека оваа иницијатива има и европско значење. Македонија е меѓу земјите од Западен Балкан на коишто им е понудено, уште пред членството во Европската Унија, да се приклучат кон системот за инстант-плаќања на Европската централна банка.

Говорејќи за активностите на Народната банка во областа на платните системи, гувернерот се осврна и на приклучувањето на земјата кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), реализирано на 7 октомври минатата година. Како резултат на оваа интеграција, околу 60% од вкупните прекугранични плаќања во евра во моментот се извршуваат преку СЕПА, што, како што истакна, придонесе за значително намалување на трошоците, односно провизиите за трансфер на средства за граѓаните и компаниите.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top