Бизнис

Исплатени речиси 480 милиони денари субвенции за лозарите

Следната недела на ред се овоштарите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека веднаш по усвојувањето на Програмата, традиционално пред празникот Свети Трифун, во текот на вчерашниот ден се реализирани исплатите на лозарите.

„Исплатени се средства за над 12.500 лозари кои се евидентирани во нашиот регистар. Станува збор за околу 480 милиони денари, односно речиси 8 милиони евра, кои веќе се легнати на сметките на лозарите“, истакна министерот.

Тој посочи дека оваа финансиска поддршка ќе им овозможи на лозарите навремено да влезат во новата производна сезона и да ги подготват лозовите насади за претстојната берба.

„Веќе на почетокот на наредната недела ќе следува исплатата и за овоштарите. За таа намена ќе бидат исплатени околу 200 милиони денари“, најави Трипуновски.

Министерот нагласи дека поддршката од Владата и Министерството не останува само на зборови, туку се препознава и по дела.

Најнови вести од: Бизнис

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

Какви мерки предлагаат експертите во однос на енергетска криза?!

Зголемувањето на инфлацијата е неизбежно, со оглед на тоа дека кризата на Блиски Исток има трипати поголем потенцијал од онаа која произлезе од војната во Украина – оценка на економските експерти. Советуваат подобра координација на фискалната и монетарната политика, зголемување на каматната стапка при заострување на состојбата, поддршка на ранливите категории граѓани и на бизнисот за одржување на ликвидноста.

Се враќаат парите од солидарниот данок – дел сега, дел в година

Министерството за финансии започна со исплата на средствата кон компаниите во текот на 2023 година ги уплатија во Буџетот по основ на Законот за данок на солидарност. Досега преку Трезорот на Министерството за финансии се реализирани налози во вкупен износ од 990 милиони денари. Вкупниот износ којшто компаниите го уплатија во 2023 година во Буџетот […]

Основната каматна стапка останува на нивото од 4% и покрај притисоците од надвор

Движењата во монетарниот сектор и натаму се солидни. Податоците за депозитите и кредитите на банките во февруари 2026 година упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките. Кредитната активност и натаму расте, но забавено, умерено над очекувањата за првиот квартал од годината.

To top