Бизнис

Колку пари годинава ќе изнесува Регресот за годишен одмор, односно популарниот К-15?!

На нешто повеќе од еден месец пред истекот на законската обврска за исплата на годинешниот регрес за годишен одмор, оваа обврска ја исполниле повеќе од една четвртина од газдите. Од Управата за јавни приходи велат дека заклучно со 4 октомври, К-15 добиле 137.840 работници.

На еден и пол месец до крајот на законски предвидениот рок, според податоците од УЈП, работодавачите во бруто-износ за К15 исплатиле над 3,7 милијарди денари, а за тоа уплатиле 372 милиони денари данок на личен доход. И со оглед на фактот дека дел од фирмите им исплатуваат многу повисоки износи од минималната сума, според пресметката на Управата, просечниот исплатен износ изнесувал 24.290 денари (минималниот К15 е 18.141 денари).

На еден и пол месец пред истекот на законската обврска за исплата на годинешниот регрес за годишен одмор, оваа обврска ја исполниле повеќе од една четвртина од газдите. Од Управата за јавни приходи за „Слободен печат“ велат дека заклучно со 4 октомври, К-15 добиле 137.840 работници, односно вкупно 11.046 работодавачи веќе ги израдувале своите вработени. Лани оваа обврска ја исполнија повеќе од 40 илјади работодавачи.

Обврската за годинешниот регрес почна од 1 јули годинава, а треба да заврши до 31 декември. Најмалиот износ се задолжителни 40 отсто од просечна тримесечна нето-плата во Македонија.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top