Бизнис

„Алкалоид“ отвори микробиолошка лабораторија со капацитет за над 20 000 анализи годишно

Можевме да видиме нешто што го има во најсовремените светски фармацевтски компании и горди сме што ова е македонско

Нова микробиолошка лабораторија со капацитет за вршење над 20.000 анализи годишно, отвори денеска фабриката „Алкалоид“ АД Скопје. Како што соопшти генералниот директор Живко Мукаетов, станува збор за инвестиција вредна 3,1 милион евра.

На отворањето присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

-Можевме да видиме нешто што го има во најсовремените светски фармацевтски компании и горди сме што ова е македонско. Повеќе од 3.000 вработени ја градат својата иднина тука и во претставништвата на „Алкалоид“, а најголемиот дел од портофолиото на оваа компанија или над две третини, е извозно, што влијае врз зголемувањето на БДП и индустриското производство – изјави Мицкоски.

Владата, напомена премиерот, секогаш ќе поддржува вакви успешни приказни.

Според Мукаетов, новата инвестиција значи многу за проширување на портфолиото на лекови што ќе овозможи „Алкалоид“ да биде уште поконкурентна, не само во регионот, туку и во светот.

-Горди сме на новата инвестиција што ќе ни овозможи да станеме уште поконкурентни, но и  Македонија како држава. Со ова ги шириме капацитетите на микробиолошките анализи на суровини, полупроизводи и готови производи. Горди сме што комапнијата продолжува со инвестицискиот циклус – рече Мукаетов.

Тој оцени дека 2025-та беше година со многу предизвици.

-Ја завршуваме годината над планираното, со вкупни приходи од над 335 милиони евра и со рекорден консолидиран износ од над 220 милинои евра – информира Мукаетов. 

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

To top