Бизнис

„Костал” со амбициозни планови за иднината – премиерот очекува приходите на компанијата да пораснат на 500 милиони евра

Компанија „Костал“ која е германска инвестиција претставува една од најуспешните странски инвестиции во Македонија и значаен двигател на домашната економија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето 10 години од оваа инвестиција. Тој нагласи дека „Костал“ е меѓу петте компании со најголем извоз во државата и има директно влијание врз македонскиот домашен бруто производ.

Германскиот технолошки гигант „Костал” од Охрид со амбициозни планови за иднината. По рекордната деценија во која компанијата влезе во топ 5 извозници во земјава со очекувани 280 милиони евра приходи годинава, менаџментот најавува нови инвестиции во електромобилноста. Првиот човек на компанијата, Виктор Мизо, потенцира дека Охрид веќе не е само туристички, туку и сериозен напреден индустриски центар.

Премиерот Христијан Мицкоски од Охрид порача дека германската компанија Костал претставува една од најуспешните странски инвестиции во Македонија и значаен двигател на домашната економија. На одбележувањето на 10-годишниот јубилеј на компанијата во Охрид, Мицкоски истакна дека една деценија е доволен период за да се согледаат резултатите од соработката меѓу државата и инвеститорите, оценувајќи дека постигнатите бројки се „импресивни и охрабрувачки“.

  • Сепак за овие 10 години се направени толку многу работи што низ бројки изгледаат навистина импресивно. Само во последните 5 години од 80 милиони евра до 280 милиони евра приходи што се очекуваат оваа година, исклучително значаен економски резултат, но тоа е исклучително значаен економски резултат и за македонската економија којашто директно учествува во македонскиот БДП- рече Мицкоски.

Тој нагласи дека „Костал“ денес е меѓу петте компании со најголем извоз во државата и има директно влијание врз македонскиот бруто-домашен производ. Според него, растот на компанијата од 80 милиони евра приходи пред неколку години до очекувани 280 милиони евра оваа година е доказ за успешната економска приказна што се развива во Охрид.

Премиерот потенцираше дека повеќе од 1.300 вработени во производствените капацитети на компанијата значат сигурност за многу семејства и дополнителен развој за регионот.

  • „Колку е поуспешен ‘Костал’ во Македонија, толку ќе биде поуспешна и државата. Но и обратно – колку Македонија е попросперитетна, толку подобри услови ќе има и за инвеститорите“, порача Мицкоски.

Тој додаде дека инвестициите на компанијата надминуваат 200 милиони евра, што ја прави најголема германска инвестиција во земјава во автомобилската индустрија. Во своето обраќање, Мицкоски упати порака дека Владата останува партнер на компаниите кои инвестираат и отвораат нови работни места, нагласувајќи дека економскиот развој може да се постигне само преку заедничка соработка меѓу институциите и приватниот сектор.

  • „Нашата заедничка цел треба да биде уште поголем раст – повеќе инвестиции, повеќе вработени и уште посилен извоз во годините што следат“, истакна тој.

На крајот од говорот, премиерот им се заблагодари на менаџментот и вработените во „Костал“ за нивниот придонес во развојот на македонската економија и посака уште многу успешни години соработка.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top