Бизнис

КСС се согласува со владината понуда платите на административците да пораснат за 8% во рок од три години

Конфедерацијата на слободни синдикати уште од првиот момент ја прифати понудата кога таа беше изнесена, без опструкции, без калкулации и без злоупотреба на работниците. Нашиот став беше и останува јасен – секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш, велат од КСС.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија започнува со постапка за прифаќање на понудата за зголемување на платите на административните службеници во рок од 25 до 26 месеци почнувајќи од 01.03.2026 година завршувајќи до 01.03.2028 година, и заедно со линеарното покачување дополнително ќе се покачуваат платите по 8% секоја година, за кој веќе е започаната подготовката на поединечни колективни договори, со цел зголемувањето на платите во администрацијата да стане реалност без да се изгуби времето на работниците, се вели во соопштението од КСС.

Конфедерацијата на слободни синдикати уште од првиот момент ја прифати понудата кога таа беше изнесена, без опструкции, без калкулации и без злоупотреба на работниците. Нашиот став беше и останува јасен – секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш.

Во изминатиот период јавноста е сведок на обиди за создавање лажна слика дека не постоела реална можност за покачување на платите и дека некој друг е виновен за изгубеното време на работниците. Вистината е поинаква и мора јасно да се каже.

Понуда за покачување на платите постоеше и беше ставена на маса. Наместо таа да биде прифатена и да се оди кон конкретна реализација во интерес на работниците, процесот беше свесно опструиран од страна на УПОЗ и ССМ. Поради ваквиот пристап, работниците изгубија неколку драгоцени денови и месеци, не поради суштинска борба за права, туку поради дневнополитички популизам и обиди за собирање поени преку протести без резултат.

Под притисок на преговорите на КСС и САДУ вистината излегува на виделина и она што ССМ сакаат да го прикажат како неуспех, е успех за работниците. Како може да се каже дека социјалниот дијалог не функционира, кога КСС преку социјален дијалог успеа да се зголемат платите во образование, здравство, полиција, а во одбараната да се почитува колективниот договор и да се исплаќаат сите додатоци на плата!

Вистинската синдикална борба се води со одговорност, искреност и конкретни резултати за работниците, а не со спинови и селективна „загриженост“ што се појавува само кога тоа одговара на нечии интереси, велат од КСС и додаваат дека ќе продолжи да дејствува во интерес на работниците со дела, а не со празни зборови.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top