Бизнис

Македонска ,,Пиарџика” добитничка на престижно меѓународно признание

Лауреатка на PRO PR Globe People Achievement Awards е Ленче Карпузовска од ЕВН Македонија

Ленче Карпузовска, директорка на одделот за комуникации во ЕВН е добитничка  на престижно меѓународно признание од областа на комуникации и Пи-Ар.

 

На 27 март 2026 година, во рамки на PRO PR Меѓународната конференција во хотелот „Хилтон“ во Подгорица, ќе бидат доделени престижните признанија PRO PR Globe People Achievement Awards.

Добитниците на ова признание ги номинираат поранешни лауреати, меѓу кои и пет светски комуникациски здруженија: Public Relations and Communications Association (PRCA) – Здружение за односи со јавност и комуникации, International Public Relations Association (IPRA) – Меѓународна асоцијација за односи со јавност, World Communications Forum Association (WCFA) и Global Alliance.

Исто така, од оваа година конференцијата, поради квалитетот на програмата, се бодува и добива статус CIPR CPD Approval (одобрување за програма за континуиран професионален развој на CIPR). На сите добитници ќе им бидат врачени уникатни графики, изработки на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Цетиње.

Добитничка на признанието од Македонија е Ленче Карпузовска, директорка на одделот за комуникации во ЕВН.

 

Покрај неа, добитници на признанието од Босна и Херцеговина се: Звездана Жујо, сосопственичка и директорка на агенцијата Communis Sarajevo и Индира Мусиќ, маркетинг менаџерка во ASA Болници. Од Словенија: Јернеј Ковач, директор за корпоративни комуникации во Стопанската комора на Словенија и Изток Вердник, директор на секторот за корпоративни комуникации во Mercator. Од Црна Гора: Бранко Латиновиќ, раководител на Одделот за медиуми и односи со јавност во Фудбалскиот сојуз на Црна Гора. Милена Ѓерговиќ, директорка за стратешки партнерства во Kotor Art. Ивана Бобичиќ, извршна директорка на агенцијата Represent Communications. Лена Бошковиќ, раководителка на корпоративни комуникации во Vezuv Group и Сенада Мулешковиќ, директорка за односи со јавност во претпријатието Čistoća d.o.o. Од Хрватска: Ива Стилинoвиќ Граховац, раководителка за односи со јавност во Хрватскиот народен театар во Загреб и Влатка Камениќ Јагодиќ, директорка за корпоративен маркетинг и информирање во Кончар Електроиндустрија. Од Србија: Милица Милановиќ, директорка за корпоративни работи во Nestlé (Србија, Црна Гора, Северна Македонија), Жељка Јаковљевиќ, директорка за корпоративни комуникации во UniCredit Bank Србија и Сања Милаковиќ Колунџија, партнерка и сосопственичка на агенција за интегрирани комуникации во Executive Group. Од Бугарија: Марија Желијазова, раководителка за комуникации за Балканскиот кластер во компанијата AstraZeneca. Од Обединетото Кралство: Адвита Пател, претседателка на Chartered Institute of Public Relations и Фарзана Бадуел, избрана претседателка (2025) на Chartered Institute of Public Relations и основачка и извршна директорка на Curzon PR. Од Германија: Михаел Шрёдер, директор и основач на ORCA Affairs GmbH.

Од Унгарија: Петер Елкан, директор за ПР и маркетинг во компанијата 4iG.

Од Франција: Силвија Арто, глобална раководителка за комуникации за функции, технологија и оперативна ефикасност во BNP Paribas и Самуел Хит, директор за комуникации во Интерпол. Од Индија: Амит Прабху, основач на The Promise Foundation.

 

 

Со признанието Vision Manager наградени се Бранко Митровиќ, CEO на компанијата One Црна Гора, Драган Бокан, претседател на Одборот на директори на компанијата Voli и Зорица Мишковиќ, менаџерка на трговски центар (Shopping Center Manager) во BIG Group.

Transparency Awards: Ирена Радовиќ, гувернерка на Централната банка на Црна Гора.

Infigo Awards: Џен Псаки, потпретседателка за комуникации и стратегија во Carnegie Endowment for International Peace и Фарзана Хосаин Нила, извршна директорка (Managing Director) на компанијата Neela’s Home Ltd, претпријатие од прехранбениот сектор со седиште во Бангладеш и Обединетото Кралство.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Рекордна реализација на капиталните инвестиции до сега

Паралелно се работи на сите автопатски делници низ државата, со посебен фокус на проектите што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, дека интензивно напредуваат и железничките проекти со сериозни подготовки за изградба на брзата пруга, додека автопатот Охрид–Кичево конечно се очекува да ја добие својата завршница до крајот на годината.

(Фото): Со изградбата на далноводот Битола-Елбасан се поврзуваме со соседните електроенергетски системи

Електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија добива втора шанса. Поставен е камен темелникот на 400 киловолтниот далекувод Битола–Елбасан. Токму со овој проект започнат од 2014 година започна и емисијата Бизнис 21- Истражувањето каде завршија 50 милиони евра за нашето енергетско поврзување со Албанија.

Ќе се јаде скапо јагнешко месо – сточарите го даваат евтино, трговците го продаваат прескапо

Велигденската трпеза и годинава ќе биде сè поскапа. Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците. Одгледувачите на јагниња велат ако не се државните субвенции ќе бидат во загуба.

Кризата ќе ги помати очекувањара за растот на македонската економија?! Што прогнозира ММФ?!

ММФ препорачува да се подобрат перформансите на државните претпријатија што е од суштинско значење за да се обезбеди ефикасност на распределбата на јавните ресурси и да се ограничат фискалните ризици.

ММФ за Народна банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

ММФ искажува задоволство и од посветеноста на усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди, што ќе придонесе за натамошно јакнење на супервизијата, решавањето банки и на целокупната финансиска стабилност.

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

To top