Бизнис

Минималецот најверојатно ќе чека „минимално“ покачување до март в година

Мора сега и веднаш да се зголеми минималецот, сметаат дел од синдикатите, додека работодавците стравуваат дека тоа ќе доведе од „урамнување“ на платите и демотивација на добрите работници. За власта нема оправданост од вонредно зголемување на минималецот и очекува намалување на инфлацијата.

Стопанството бара работник повеќе, а тие пак, некој денар плус. Никако да се најдат на „пола пат“. Дел од бизнис заедницата смета дека за да има поголема минимална, но и просечна плата, мора да се подобри продуктивноста на работниците. Првиот човек на Сојузот на стопански комори Горан Ѓорѓиевски смета дека не се точни податоците од истражувањето на Виенскиот институт и на здружението за истражување и анализи ЗМАИ каде беше утврдено дека македонскиот работник е 53 отсто од продуктивноста на европскиот, но со просечна плата која е само 30 – тина отсто од европската.

  • „Значи не е релевантно тоа. Има многу јасни показатели кои што утврдуваат некои други бројки… Јас го говорам тој праг на граница преку кој не може да се оди. Затоа што не може компаниите да дојдат во ситуацијата да се загрозат нивното опстојување, нивната безбедност, практично на некој начин. Затоа и се случува ситуација дека почнуваат да барат работници надвор од далечните источни земји. Имаме веќе, сметам дека е околу 10.000 луѓе кои што се од далечните земји веќе вработени во нашата држава.“, рече Горан Ѓорѓиевски.

Во моментов, минималната плата изнесува 24.379 денари, а се најави дека од наредниот март таа законски ќе се усогласи и ќе се зголеми за некаде околу 2.000 денари. За да биде 30 илјади, ќе треба договор на Економско – социјалниот совет.

Од регионот, Србија во октомври вонредно ја зголеми минималната плата на 500 евра, со најава дека од 1 јануари со редовно зголемување таа ќе изнесува 551 евро. Албанија исто така најави 500 евра минималец од следната година, а зголемување од моменталните 350 на 425 евра од јануари и на 500 евра од јули очекува и Косово. Во Босна и Херцеговина веќе имаше покачување на минималецот на 511 евра од јануари 2025, додека во ентитетот Република Српска тој изнесува 459.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Колку милијарди евра чуваат граѓаните в банка и покрај инфлацијата?!

Заклучно со септември граѓаните и компаниите заедно во банките должат вкупно 9,87 милијарди евра, а поединечно граѓаните должат 4,93 милијарди евра, а компаниите е 4,90 милијарди евра. Компаниите и граѓаните во септември во банките имале депозити во вкупен износ од 11,15 милијарди евра. Од нив на граѓаните се 7,50 милијарди евра.

To top