Бизнис

Министерството за финансии со допис до Европската комисија за прекинот на парите од ИПАРД

Министерството за финансии ја известило Европската комисија за прекинот на исплатите од ИПАРД-програмата, додека истрагата за корупција во Агенцијата продолжува. Министерот Трипуновски уверува дека борбата против злоупотребите ќе биде бескомпромисна.

Министерството за финансии преку националните структури што управуваат со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за привремен прекин на исплатите од ИПАРД-програмата. Одлуката доаѓа по серијата настани поврзани со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, во која се води истрага за корупција и злоупотреби на европски фондови. Од Министерството соопштуваат дека Европската комисија била веднаш информирана, а Брисел ја поздравил реакцијата на македонските институции.

  • Целта на овој чекор е да се обезбеди уверување дека системот функционира со целосна законитост и регуларност на исплатите од ИПАРД, како и да се зајакнат мерките за заштита од измами и корупција – велат од Министерството за финансии.

Во моментов, Националните структури за управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот спроведуваат внатрешни проверки и ревизии со цел утврдување на можни пропусти. Според податоците, Македонија има децентрализирано управување со европските фондови од 2009 година, а ваквиот потег се смета за дел од мерките за одржување на довербата во системот. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, изјави дека Европската комисија нема донесено одлука за блокада на средствата од ИПАРД-програмата, туку напротив, ја поддржува транспарентноста на македонските институции.

  • Брисел нема никаква најава за блокада на ИПАРД-средствата. Напротив, борбата што ја водиме против корупцијата и проверките што ги правиме во Агенцијата се поздравени од Европската унија – изјави министерот.

Тој додаде дека по акцијата на полицијата и Обвинителството, започнале детални проверки на функционирањето на Агенцијата за финансиска поддршка, особено во делот на исплатите и контролите на апликантите.

  • Ќе се преземат активности за зајакнување на контролните механизми и транспарентноста во исплатата на ИПАРД средствата. Во најбрз можен рок ќе биде назначен нов директор на Агенцијата за да се обезбеди нормално функционирање – рече Трипуновски, додавајќи дека Владата останува решена да ја спроведе „борбата против корупцијата до крај“.

Во меѓувреме, Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор за директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, како и за уште четири лица.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) ги товари осомничените за примање поткуп и противзаконско влијание. Според истрагата, Стоилев бил уапсен „на дело“ по пријава дека примил 400 евра мито, како дел од договорено 50.000 евра за доделување на финансиска поддршка преку ИПАРД-програмата.

Меѓу осомничените се и службеници од Министерството за земјоделство и УЈП, кои, според обвинението, го искористиле службеното влијание за да помогнат на фирма што не ги исполнувала условите од јавниот повик.

Обвинителството оцени дека постои опасност од бегство и влијание врз сведоци, па судот им одреди притвор од 30 дена на четворица од осомничените, додека една од лицата доби куќен притвор. Истражителите на ОЈО-ГОКК и полицијата извршија претреси на повеќе локации, при што беа пронајдени докази поврзани со нелегалното доделување на европски средства.

Најнови вести од: Бизнис

Пратениците не изгласаа минималец од 600 евра, ќе се чека усогласување во март

Пратениците не изгласаа минимална плата од 600 евра. Не поминаа на пленарна седница во Собранието законските измени кои ги предложи СДСМ, со кои минималната плата од март требаше да порасне на 36.960 денари. Гласаа вкупно 82 пратеници, 63 беа „за“ да се прифати заклучокот на матичната комисија дека предлогот не е прифатлив, 19 беа против, немаше воздржани.

Нови 22 авиолинии низ Европа – стартуваат рутите за Неапол и Будимпешта од Скопје, по која цена?!

Новите авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе ги спојат сите вљубеници во патувањето со Неапол – градот на уметноста и гастрономијата, родното место на пицата и влезната порта за спектакуларното Амалфи крајбрежје и со Будимпешта – „Бисерот на Дунав“ со величествени мостови, термални бањи и архитектура што раскажува европска историја, истакнуваат од скопскиот аеродром.

АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6 милион евра и со консолидирана нето-добивка од 29,2 милиони евра во периодот јануари – декември 2025

Најголемата фармацевтска компанија во земјава „Алкалоид“ АД Скопје ги објави финансиските резултати за работењето минатата година

Предлог-законот за минималната плата не ја помина матичната собраниска комисија

Законските измени за раст на минималната плата на 600 евра, кој ги предложи СДСМ не поминаа на матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, ниту на законодавно – правната. Не помина ниту предлогот за трипартитен дијалог, односно јавна расправа пред пратениците во Собранието меѓу работодавачите, синдикатите и Владата.

Почнува процесот за враќање на парите од солидарниот данок

Компаниите од кои државата наплати солидарен данок во време на криза, веќе идниот месец ќе ја добијат првата рата од повратот на средствата. Претходно треба да поднесат барање за поврат до Управата за јавни приходи. Од Министерството за финансии информираат дека постапката официјално е почната.

(Видео): Значително зголемен интерес за СЕПА-плаќањата од страна на компаниите и граѓаните

Граѓаните умерено предничат во однос на компаниите во користењето на услугите преку СЕПА, при што над 60% од нивните плаќања во евра се извршуваат преку СЕПА. Кај бизнис-секторот, најмногу ги користат извозно-увозните компании коишто имаат редовни трансакции со партнери во Европската Унија. Речиси половината од плаќањата во евра на домашните компании кон земјите членки на СЕПА веќе се вршат преку СЕПА.

Европскиот парламент сака пауза во спроведувањето на трговскиот договор со САД

Европската комисија побара објаснувања од Вашингтон. Врховниот суд на САД, претходно, го прогласи поголемиот дел од царините воведени од Трамп за незаконски. Трамп, сепак, најави нови вонредни царини. Тој во петокот зборуваше за десет проценти царини на стоки од целиот свет, а во саботата за 15 проценти.

Најнови вести

To top