Бизнис

Можно намалување на акцизите за гориво или даноците за да се спречи удар врз стандардот на граѓаните

Се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици

Премиерот Христијан Мицкоски  вели дека безбедносната состојба во земјава е стабилна, но, рече дека може да се јават одредени предизвици на економски план, во однос на цените на енергенсите посебно на нафтата.

– Мирна и стабилна е безбедносната состојба, не постои ризик за земјава. Имавме Совет за безбедност, направивме анализа, врз основа на информациите кои ги добивме, безбедносната состојба е стабилна- рече Мицкоски.

Според него,војната на Блискиот Исток може да предизвика проблеми кај цената на енергенсите, посебно нафтата.

-Можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, односно притисок врз цената на енергенсите, на нафтата и на гасот, повеќе на нафтата, бидејќи немаме голема зависност во делот на гасот. Завршува грејната сезона, а компаниите немаат голема потрошувачка на гас. Но, во нафтената индустрија можеби ќе имаме одредени притисоци. Можно е да има зголемување на цените, но разговараме со Министерството за финансии  како да реагираме. Можеби со намалување на акцизите или во однос на даноците за да го намалиме ударот врз стандардот на граѓаните – изјави Мицкоски.

Мицкоски рече дека владата се организира да обезбеди нормално функционирање на државата.

Најнови вести од: Бизнис

Кризата ќе ги помати очекувањара за растот на македонската економија?! Што прогнозира ММФ?!

ММФ препорачува да се подобрат перформансите на државните претпријатија што е од суштинско значење за да се обезбеди ефикасност на распределбата на јавните ресурси и да се ограничат фискалните ризици.

ММФ за Народна банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

ММФ искажува задоволство и од посветеноста на усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди, што ќе придонесе за натамошно јакнење на супервизијата, решавањето банки и на целокупната финансиска стабилност.

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

Вучиќ разговарал со Путин, Србија и понатаму ќе добива двојно поевтин гас од Русија отколку на берза

Во случај на копнена инвазија врз Иран, светот, а особено Европа, ќе се соочи со најголемата енергетска катастрофа во историјата, предупреди српскиот претседател

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

To top