Бизнис

На што се должи намалениот број на работници во македонската индустрија?!

Во индустријата најголем раст на бројот на вработени има во секторот „производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место“ од 11,2%, а најголемо опаѓање во кожарскиот сектор од 12,8%. Најголем одлив е забележан во кожарската и во автомобилската индустрија.

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3,8% во јули 2025 во однос на јули 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за 2,4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4,0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,9 %, Капитални производи за  8,8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 9,6 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, се намалил за 4,0 %.

Главни поенти

Бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за:

  •  2,4 % кај рударство и вадење на камен
  •  4,0 % кај преработувачка индустрија
  •  0,5 % кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

Народна банка: Случувањата во Србија не влијаат автоматски врз Алта банка Битола

Одземањето на дозволата за работа на Алта банка од страна на Народната банка на Србија, не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола, соопштија од македонската Народна банка.

Најнови вести

To top