Бизнис

На што се должи намалениот број на работници во македонската индустрија?!

Во индустријата најголем раст на бројот на вработени има во секторот „производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место“ од 11,2%, а најголемо опаѓање во кожарскиот сектор од 12,8%.

Бројот на работниците во индустријата е намален за 3,8% во јули 2025 во однос на јули 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за 2,4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4,0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,9 %, Капитални производи за  8,8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8 %, а се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 9,6 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, се намалил за 4,0 %.

Главни поенти

Бројот на работниците во индустријата во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се намалил за:

  •  2,4 % кај рударство и вадење на камен
  •  4,0 % кај преработувачка индустрија
  •  0,5 % кај снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија добива оператор за пазарот на гас – Владата отвори пат кон поконкурентен пазар

Владата донесе одлука да се забрза формирањето на оператор за пазарот на природен гас, а работата ќе ја преземе МЕМО ДООЕЛ Скопје, кој треба да ја започне целата постапка и да подготви план за тоа како практично ќе функционира новиот пазарен оператор.

Бизнисот постојано бара работници, додека 88.500 граѓани „молат Бога да не најдат“

Анкетата на АВРМ открива јаз меѓу потребите на компаниите за среден стручен кадар и образовниот профил на активните баратели. Од Владата велат дека невработеноста паѓа, но и граѓаните да се поажурни ако сакаат добри примања.

(Видео): Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитет, рече премиерот за дата-центрите

Прашањето за изградба на дата центри во Македонија ја отвори дилемата – дали станува збор за развојна шанса или за ризик за ресурсите? Власта вели дека тоа е иднината на светот.

To top