Бизнис

Нафтата на највисоко ниво во последноте четири месеци откако Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад

Нафтата со раст од над 9 проценти за една недела

Цената на американската сурова нафта WTI се искачи на 103 долари за барел, достигнувајќи највисоко ниво во последните четири месеци. Истовремено, цената на суровата нафта Брент се искачи на 108 долари за барел – исто така највисоко ниво во последните четири месеци – откако минатата недела порасна за повеќе од 9 проценти.

Порастот дојде откако Саудиска Арабија го затвори големиот нафтовод за сурова нафта по нападите со беспилотни летала, со што беше прекината клучната рута што се користи за заобиколување на Ормускиот Теснец. Саудиска Арабија ги прекина операциите на нафтоводот Исток-Запад како мерка на претпазливост по нападите во четврток, без јасни индикации кога нафтоводот ќе продолжи со работа.

Во меѓувреме, разговорите меѓу Иран и неколку земји од Заливот за воспоставување привремен коридор за превоз низ Ормуз беа одложени, изјави министерот за надворешни работи на Оман, Бадр Албусаиди. Извештаите покажуваат дека Саудиска Арабија е загрижена во врска со предлогот, додека Бахреин изјави дека нема да учествува.

Затворањето на нафтоводот Исток-Запад ја истакна неговата важност во одржувањето на енергетските текови низ Блискиот Исток, особено во услови кога САД и Иран останаа во ќорсокак околу контролата врз Ормуз. Нафтоводот транспортира нафта низ Саудиска Арабија до пристаништата на Црвеното Море и има капацитет од околу 7 милиони барели дневно, што претставува околу 4 проценти од светските потреби за нафта.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): ТЕЦ „Неготино“ повторно ќе произведува струја, рече премиерот

Премиерот тврди дека струјата од ТЕЦ „Неготино“ би чинела од 170 до 175 евра за мегават-час. За три години е предвиден ископ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово, а ЕСМ подготвува набавка на 45.000 тони мазут.

Камата 4,6%, рок до 1 декември – Граѓаните можат да запишат обврзници од 10.000 денари

Четвртата емисија на Граѓански обврзници предвидува каматна стапка од 4,6 отсто и рок на достасување од две години. Запишувањето се врши во деловните банки, а аукцијата е закажана за 3 декември.

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, во угостителството само 35.447 денари – на што се должи тоа?!

Растот на просечната нето-плата се должи на повисоките исплатени плати во секторот „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што е забележан раст од 11,6%.

Басани од Светска банка: Народна банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите.

“Комерцијална” влегува во трка за купување на „Алта банка“

Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Доколку акциите не се продадат, предвидени се дополнителни аукции на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, при што почетната цена на секоја следна аукција ќе се намалува за 10 проценти во однос на претходната

To top