Бизнис

Најголемата македонска банка жртва на сајбер напад, опасност по личните сметки на штедачите

Сериозен ризик бидејќи овозможува пристап до лозинките и доверливите информации на уредот

Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање лажни пораки по електронска пошта.

 

Според банката испраќачот лажно се претставува во име на Комерцијална банка, известува за плаќање и испраќа фајл кој содржи вирус.

 

Со отворање на фајлот, примателот на пораката се изложува на сериозен ризик бидејќи овозможува пристап до лозинките и доверливите информации на уредот.

 

,,Не кликајте на фајлот и веднаш избришете ја пораката❗

Како да препознаете лажна порака?

Лажните пораки често упатуваат на итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап или слично”, објави Комерцијална банка од каде предупредуваат дека пораките често содржат граматички и правописни грешки и затоа треба да се читаат  внимателно.

Банката сугерира задолжителна проверка на називот и домејнот на e-mail адресата на испраќачот.

 

,,Целта на ваквите пораки е прибирање сензитивни податоци и/или инсталација на злонамерен софтвер на уредот.

 

Бидете внимателни и следете ги советите за препознавање злонамерни пораки.

 

Споделете ја информацијата со сите на кои сметате дека ќе им биде од корист”, апелираат од банката.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): Со изградбата на далноводот Битола-Елбасан се поврзуваме со соседните електроенергетски системи

Електроенергетското поврзување меѓу Македонија и Албанија добива втора шанса. Поставен е камен темелникот на 400 киловолтниот далекувод Битола–Елбасан. Токму со овој проект започнат од 2014 година започна и емисијата Бизнис 21- Истражувањето каде завршија 50 милиони евра за нашето енергетско поврзување со Албанија.

Ќе се јаде скапо јагнешко месо – сточарите го даваат евтино, трговците го продаваат прескапо

Велигденската трпеза и годинава ќе биде сè поскапа. Ниската откупна цена на јагнето нема да ја намали цената на јагнешкото во пресрет на празниците. Одгледувачите на јагниња велат ако не се државните субвенции ќе бидат во загуба.

Кризата ќе ги помати очекувањара за растот на македонската економија?! Што прогнозира ММФ?!

ММФ препорачува да се подобрат перформансите на државните претпријатија што е од суштинско значење за да се обезбеди ефикасност на распределбата на јавните ресурси и да се ограничат фискалните ризици.

ММФ за Народна банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

ММФ искажува задоволство и од посветеноста на усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди, што ќе придонесе за натамошно јакнење на супервизијата, решавањето банки и на целокупната финансиска стабилност.

Народна банка внимателно ги следи светските ризици и е подготвена за соодветно реагирање

Гувернерот Славески нагласи дека Народната банка, како носител на монетарната политика, постојано ги оценува големината, природата и влијанието на шоковите на домашната економија. Според него, за да се изгради отпорност, потребни се кредибилна монетарна политика и ефикасни макропрудентни мерки со цел да се задржи макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем.

„Алказар Енерџи“ отвора јавна консултација за значајниот проект за ветерниот парк во Штип

Со планиран инсталиран капацитет до 396 MW, ветерниот парк Штип претставува трансформативен чекор кон зајакнување на енергетската независност на земјата, намалување на зависноста од фосилни горива и забрзување на напредокот кон националните климатски цели. Проектот е и значаен придонес кон Платформата за праведна енергетска транзиција на Македонија, лансирана на COP28.

Најнови вести

To top