Бизнис

Николоски: Бугарија го ратификуваше Договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување

Народното Собрание на Република Бугарија денеска го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, соопшти министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски.

Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.

Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.

„Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6 ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народа, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридорот 8, кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и на нашите стратешки партнери“, напиша Николоски на Фејсбук.

Тој додава дека паралелно се развива и Коридорот 10 и Македонија станува вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.

 

Најнови вести од: Бизнис

Седум „злата“ и три сребрени признанија: Врвните вина на „Тиквеш“ брилираа на Mundus Vini Spring Tasting 2026

Mundus Vini е едно од најрелевантните вински натпреварувања во светот, каде вината се оценуваат од интернационално жири составено од врвни енолози, сомелиери, вински новинари и трговци. Освојувањето медал на овој натпревар претставува значајна потврда за квалитет и препорака за глобалниот пазар

Ќе добиеме ли конечно пруга од Скопје до Софија?!

Македонија и Бугарија ја потврдија посветеноста за изградба на железничка врска од Скопје до Софија, преку Коридорот 8 до 2030 година. Оваа сериозна инвестиција е важна како за двете држави, така и за сите земји кои ќе циркулираат преку оваа железничка делница.

Поддршка за стабилна економска средина и поголема конкурентност на компаниите ориентирани кон извоз

Гувернерот Славески ја истакна важноста од постојаната и отворена соработка на Народната банка со домашните и странските компании коишто работат во земјава, имајќи ги предвид перспективите во економијата, придонесот кон поголем извоз и подобрениот трговски биланс на државата.

To top