Бизнис

Николоски: Следната година ќе се вози по една лента на автопатот Битола-Прилеп

Тој потенцираше дека проблемот со неколку сопственици на вили во село Ореовец ќе биде решен, но го отвори пршањето зошто политичката партија Левица ги штити истите кога овој проблем може да ја чини државата до 100 милиони евра

Прогресот на автопатите на Коридор 8 оди добро и ќе ги изградиме во рамки на предвидениот рок. Следната година ќе пуштиме една лента за возење на автопатот од Прилеп до Битола а целиот ќе го изградиме исто така во предвидениот рок, истакна во интервјуто за ТВ Сител, вицепремиерот Николоски.

Тој потенцираше дека проблемот со неколку сопственици на вили во село Ореовец ќе биде решен, но го отвори пршањето зошто политичката партија Левица ги штити истите кога овој проблем може да ја чини државата до 100 милиони евра.

-Рокот е 2029 година за сите три автопатски делници, Тетово -Гостивар, Гостивар -Букојчани и Прилеп-Битола. Најбрзо очекувам да видиме на Битола-Прилеп, иако е најдолгата делница, таа е најдолгиот автопат поединечно што се гради во Македонија и морам да кажам дека голем фокус ставаме на овој проект. Единствено останува со овие буџованиве од Ореовец да го решиме проблемот. Има таму десетина сопственици на вили, кои што блокираат пристап до наоѓалиштето од каде што треба да се црпи материјал за изградба на автопатот. Мирот им се нарушува, веројатно кога слушаат таму пријатна музика и кога поминуваат камионите, но тоа нарушување на мир чини некаде околу стотина милиони евра. Гледам политичката партија Левица се залепи на ова, па фер е да ги прашаме како дефинирани левичари, како тоа сака државатa да потроши 100 милиони евра повеќе. Секако дека ќе решиме, но ова се добри морални прашања кои што се отвараат. Инаку на Прилеп -Битола веќе очекувам следната година, едната страна да е целосно пуштена, односно да пуштиме сообраќај по нов автопат во едната насока, а целиот да биде завршен во рамки на рокот. Гостивар -Тетово, иако изгледа најлесен, во суштина е најтежок, затоа што има многу објекти што треба да се дислоцираат, но и тука ќе бидиме во рокот. А Гостивар- Букојчани, заобиколкувањето на популарната Стража, иако изгледа како најтежок, во суштина добро оди прогресот и веќе имаме пробиено 18 километри, истакна Николоски.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top