Бизнис

Нов закон за рударство: Tранспарентен процес, над 100 предлози од јавноста

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја истакнува транспарентноста и вклученоста како основни принципи во подготовката на новиот Закон за рударство. Законот уште во рана фаза беше јавно објавен на платформата ЕНЕР со цел да биде достапен за увид и анализа од сите засегнати страни, а јавната расправа резултираше со исклучително голем одзив. […]

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја истакнува транспарентноста и вклученоста како основни принципи во подготовката на новиот Закон за рударство. Законот уште во рана фаза беше јавно објавен на платформата ЕНЕР со цел да биде достапен за увид и анализа од сите засегнати страни, а јавната расправа резултираше со исклучително голем одзив.

Јавноста имаше можност во период од 30 дена да го разгледа првичниот текст на Законот за рударство, кој беше јавно објавен на платформата ЕНЕР. Јавниот увид траеше до 28 август 2025 година, а во овој период пристигнаа бројни мислења, предлози и забелешки од компании, институции, стручната и граѓанската јавност.

Јавната расправа ни овозможи вредни препораки и забелешки за Нацрт-законот. Паралелно започнуваме со следната фаза од усогласување на законскиот предлог. Ги разгледуваме сите доставени предлози и забелешки и ќе организираме работни средби со оние кои се изјасниле за предлог-текстот. Нашата цел е да добиеме усогласено, јасно и спроведливо законско решение кое ќе обезбеди заштита на животната средина, висока безбедност при работа и предвидлива инвестициска рамка,“ изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Со ова, Министерството уште еднаш потврдува дека е отворено за дијалог, соработка и заедничко креирање на законски решенија, со единствена цел – модерна и правична рамка за рударството во Македонија. Во наредниот период, МЕРМС ќе ги разгледа детално сите пристигнати предлози и ќе ги прифати оние кои се во насока на подобрување на законското решение, во интерес на државата и граѓаните.

Министерството останува цврсто определено во подготовката на законот да се води според највисоките европски стандарди, со цел да обезбеди современа и одржлива рамка за развој на рударството.

Најнови вести од: Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

(Фото): Силни пораки од конференцијата на Македонската берза

Во Македонија има капитал подготвен да влезе во хартии од вредност. Ако нема добри домашни инвестициски прилики – логично е тој капитал целосно да оди во странство, истакна главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, говорејќи на јубилејната 25. Годишна конференција што се одржува во Охрид.

To top