Бизнис

Остра реакција на „НОМАГАС“ по најавата на ЈСП дека нема да има автобуси

Во врска со известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред, Ве известуваме за евентуални несакани последици, велат од компанијата. Граѓаните пак се во прашалници дали пак ќе мрзнат по постојките.

Поради планирани ремонтни работи на регионалните гасоводни системи во соседството, се соочуваме привремено да има прекин на испораката на природен гас кон Македонија, а ваквите ремонтни активности не се во ингеренции на НОМАГАС АД Скопје од причини што не се вршат на сопствениот гасовод.

Имајќи го во предвид наведеното, активно и ажурно се следи состојбата 24 часа на ден и во рамките на расположлилвите можности се превземаат сите неопходни мерки за соодветно да се постапи и да се избегнат негативните страни на прекинот колку што е можно повеќе.

Согласно досегашните информации кои ги имаме, ремонтните работи треба да завршат на време и веќе утре на 17 октомври треба да се стабилизира испораката на природен гас. Доколку добиеме известување за евентуални пролонгирања, дополнително ќе Ве известиме.

Што се однесува до известувањето од ЈСП Скопје за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред на 17.10.2025 година, истите треба да се земат со резерва. Едната причина за тоа е фактот што ремонтните работи и прекинот се од 13.10.2025 година до 17.10.2025 година и претходниве три денови, вклучително со денес четири денови, факт е дека ЈСП Скопје немале проблем во функционирањето, а се проблематизира 17.10.2025 година кога треба да се стабилизира испораката на природен гас.

Исто така информираме дека ЈСП Скопје веќе скоро една година од 01.12.2025 година не се наши директни корисници преку станицата од НОМАГАС АД Скопје која се наоѓа на нивната територија.

Со оглед на наведеното, доколку постои друга причина за можни отстапувања и евентуални промени во возниот ред од ЈСП Скопје не е коректно да се посочува на НОМАГАС АД Скопје за сензитивна тема како што е градскиот превоз во Градот Скопје.

Најнови вести од: Бизнис

Регионална експанзија на АЛТА Група: Со преземање на ЗОИЛ Македонија АД Битола воспоставен интегриран систем на банкарски и осигурителни услуги

Интегрираниот модел „сè на едно место“ е усогласен со европските практики и овозможува поголема ефикасност, заштеда на време и полесно донесување финансиски одлуки

Иран ги обвини САД за прекршување на договорот – цените на нафтата веднаш реагираа со пораст

Новите обвинувања од Иран повторно ја зголемија неизвесноста на пазарот, покажувајќи колку е кревка моменталната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешкиот теснец низ кој поминува голем дел од светското снабдување со нафта.

Цената на становите порасна за 16,7% – сепак пазарот на недвижности го има последниот збор

Најактивни општини биле Центар, Аеродром и Карпош каде становите се продавале по просечна цена од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскап стан лани бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, а во оваа општина е постигната и највисока цена по квадрат – 3 784 евра за квадратен метар.

„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен сигнал за конзистентниот квалитет и глобалната релевантност на вината на „Тиквеш“

To top