Бизнис

Паѓа невработеноста во Македонија – Во кои градови има најмногу невработени?!

Статистиката покажува дека и понатаму најмногу граѓани кои бараат или чекаат работа преку Агенцијата се лицата кои се пријавуваат од 5 до 7 години, и во оваа група има дури 23002 лица кои се пријавуваат за невработени. Следна е групата на граѓани кои пак бараат работ над седум години, односно 8 и повеќе години, и тука има пријавено 12. 938 лица кои се невработени. 

Агенцијата за вработување бележи тренд на намалување на оние кои се пријавуваат за невработени. Според нивните последни бројки, во ноември невработени биле 91.434 лица, додека во категоријата други лица кои бараат работа имало пријавено 42.904 лица. Ова покажува дека продолжува трендот на намалување на лицата кои се пријавуваат за невработени. За споредба, во октомври како невработени биле пријавени 94.729 лица, додека во втората категорија имало 43.175 пријавени граѓани. Еден месец пред тоа, односно во септември невработени биле 94.480 лица, додека бројот на лица кои бараат работа достигнувал 43.002 баратели. За споредба, претходниот месец, односно во август вкупно 95.032 лица се пријавиле во Агенцијата како невработени, пренесе Фактор. Овие бројки покажуваат јасен тренд на намалување на бројот на лицата кои се пријавуваат како невработените во Агенцијата. Со ова намалување на бројот на невработените граѓани кои се пријавиле во АВМ, всушност се регистрирани најниските бројки на лица  кои се пријавиле за невработени во земјава во последниве години.

Како што може да се види во табелата, со почетокот на годинава бројот на лица кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување во Македонија континуирано се намалува. Секој месец Агенцијата бележи благ пад на невработените, па така, ако на почетокот на годината имало невработени над 96 илјади граѓани, кои во февруари се зголемиле на над 97 илјади невработени, веќе во март се спуштиле на 95 илјади невработени граѓани.

Потоа повторно имало намалување, па во Април нивниот број бил 94 илјади граѓани кои се невработени. Во петтиот месец од годината бројката била повторно благо над 94 илјади граѓани, за во јуни да порасне за над 3 илјади невработени лица и да се зголеми на над 97 илјади невработени.

Најголем дел од невработените граѓани се во главниот град. Имено, во Скопје како невработени се пријавиле 19.812сограѓани. Со високи бројки на невработени граѓани се бори и Тетово каде имало 12.245невработени граѓани. По бројот на невработени граѓани следен на листата е Куманово каде се пријавиле точно 9.152невработени лица. Следен град со повисока невработеност е Гостивар, каде таа бројка достигнува 6.643лица, а потоа е Прилеп каде што како невработени се пријавиле  5.492граѓани.

Во Струмица има 4.615невработени лица, додека пак во Битола брои 3.324невработени, а потоа следува Велес со 2.994невработени.

Статистиката покажува дека и понатаму најмногу граѓани кои бараат или чекаат работа преку Агенцијата се лицата кои се пријавуваат од 5 до 7 години, и во оваа група има дури 23002 лица кои се пријавуваат за невработени. Следна е групата на граѓани кои пак бараат работ над седум години, односно 8 и повеќе години, и тука има пријавено 12. 938 лица кои се невработени.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top