Бизнис

Поради зголемената неизвесност на Блискиот Исток: Народна банка реши каматна стапка да остане непроменета

Народната банка нагласува дека надворешните ризици се особено изразени поради неизвесноста околу интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток.

На редовната седница на Извршниот одбор на Народната банка на Република Македонија, одржана на 24 март 2026 година, одлучено е основната каматна стапка да остане непроменета на нивото од 4 отсто.

Одлуката е донесена во услови на значително зголемена глобална неизвесност предизвикана од воениот конфликт на Блискиот Исток, кој веќе доведе до нарушување на снабдувањето со нафта и раст на цените на енергентите. Народната банка оценува дека евентуалното продолжување или проширување на конфликтот би можело да предизвика подолготрајни нарушувања на пазарот на енергенти, повисока инфлација и полоши економски изгледи.

На аукцијата на благајнички записи која ќе се одржи утре (25 март), понудата ќе изнесува 36 милијарди денари, а понудата на наредните аукции ќе се прилагодува согласно промените во ликвидносната позиција на банкарскиот систем.

Народната банка посочува дека досегашните измени во задолжителната резерва, макропрудентните мерки и одлуките за управување со системските ризици обезбедуваат дополнителна поддршка за претпазливата монетарна политика.

Клучни оцени за домашната економија:

  • Инфлацијата продолжува да забавува и во февруари изнесува 2,9% на годишно ниво.
  • Базичната инфлација забележува значително забавување и е послаба од очекувањата.
  • Девизните резерви на крајот на февруари изнесуваат 5.558 милиони евра и се оценуваат како соодветни за одржување на стабилноста на курсот на денарот.
  • Економскиот раст во 2025 година изнесувал 3,5%, а во последниот квартал од минатата година 3,8%, главно под влијание на домашната инвестициска активност и солидниот извоз.

Народната банка нагласува дека надворешните ризици се особено изразени поради неизвесноста околу интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Во домашното окружување, главен фактор за идниот раст ќе бидат обемот и динамиката на реализација на инфраструктурните проекти.

„Народната банка внимателно ги следи сите случувања и редовно ги оценува ризиците. Таа е подготвена да ги искористи сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Бизнис

Просечната плата во јануари 46.617 денари, кои работници се најплатени во моментов?!

Најниски плати имаат вработените во секторот производство на кожа и кожни производи со 29.670 денари, производство на облека со 29.791 денар и рибарство и аквакултура со 29.794 денари, при што овие примања се неколкукратно пониски од највисоките во земјава.

Спречивме поскапување на горивата, велат од Министерството за енергетика

Според надлежните, Македонија во моментов останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, а приоритет останува заштитата на стандардот на граѓаните и стабилноста на економијата.

To top