Бизнис

Предлог-законот за минималната плата не ја помина матичната собраниска комисија

Законските измени за раст на минималната плата на 600 евра, кој ги предложи СДСМ не поминаа на матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, ниту на законодавно – правната. Не помина ниту предлогот за трипартитен дијалог, односно јавна расправа пред пратениците во Собранието меѓу работодавачите, синдикатите и Владата.

Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за минимална плата со кој ќе се зголеми минималната плата на 600 евра, предложен од опозициската СДСМ и коалициските партнери, денес беше на дневен ред на собраниската Комисијата за економски прашања, труд и енергетика. Пратениците на опозицијата пратија многубројни апели да не се размислува за политиката туку за животниот стандард на населението. Пратениците од опозицијата не беа расположени да дебатираат на оваа тема. Епилогот беше неизгласување на предлогот овој Предлог-закон да оди на понатамошно читање.

Членовите на собраниската Комисија не го прифатија ниту предлогот на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, за одржување јавна расправа и обид за постигнување договор меѓу трите засегнати страни за зголемување на минималната плата. Со предложениот закон се бараше минималната плата во државава да изнесува 36 960 денари (600 евра) за периодот од март 2026 до март 2027 година.

Законот го образложи координаторот Спасовски, кој кажа дека претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата што започна системски во 2017 година. Спасовски побара консензус од сите парламентарни партии за изгласување на овој предлог-закон за да се слушне работничкиот глас.

Пратениците од власта не дебатираа на комисиските расправи. Само пратеникот од ЗНАМ, Миле Цеков искажа личен став дека минималната плата треба да се зголеми. По него за збор се јави пратеникот Миле Цеков од ЗНАМ, кој рече дека ќе го поддржи овој предлог-закон, и го искажа својот став велејќи дека целосно е свесен во каква состојба се наоѓаат граѓаните што примаат минимална плата и затоа верува дека сите ќе се согласат дека тие не се само ставка во табела туку во сурова реалност.

Фатмир Битиќи од СДСМ повика „да застанеме зад трудот“. Тој посочи на фактот дека во февруари синдикалната кошничка е 61.702, односно 920 денари повеќе отколку во јануари.

  • Сега за покривање на синдикалната кошничка се потребни 2,76 минимални плати. Ако двајца работат со минимална плата, недостасуваат 18.224 денари – потенцираше Битиќи. Притоа, како што посочи, не треба да се зголемат само платите, туку да се создаде систем околу тие плати – да има навремен поврат на ДДВ кон компаниите, да има борба против сивата економија, поголеми инспекциски надзори на терен.

Јованка Тренчевска од СДСМ посочи дека воведувањето и континуирано зголемување на минималната плата е една од најважните социјално-економски политики насочени кон заштита на стандардот на граѓаните. Таа потсети дека како политичка одлука во 2022 година минималната плата пораснала на 18.000 денари.

Инаку, Сојузот на синдикатите на Македонија остави рок на Владата и работодавачите до крајот на февруари да се договорат за зголемувањето на минималната плата на 600 евра, или пак ќе излезат на улица.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top