Бизнис

Мал пазар, голема можност: Мукаетов на 25. Конференција на Македонската берза

Од развојот на „Алкалоид“ и улогата на пазарот на капитал до можностите што ги отвораат интернационализацијата, иновациите и новите технологии – ова беа дел од темите на специјалниот разговор со Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на 25. Конференција на Македонската берза.

Во рамките на програмскиот сегмент „Специјални говори/Интервју на бина“, Мукаетов учествуваше во разговорот насловен „Искуство на македонска Blue-Chip компанија“, модериран од Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје. Разговорот отвори повеќе теми поврзани со развојот на компаниите, улогата на пазарот на капитал, значењето на транспарентноста и можностите за раст и интернационализација.

  • „Континуираниот раст подразбира предизвици, приспособувања и внимателно пресметани одлуки засновани на веродостојни податоци. Фармацевтската индустрија е една од најдинамичните и најстрого регулираните, па зад секоја одлука стојат сериозни анализи и јасна визија. За нас отсекогаш било најважно трендот на раст да биде стабилен, здрав и одржлив“, истакна Мукаетов.

Како примери за долгорочни стратешки одлуки што ги донел или во чие донесување учествувал во текот на својата 27-годишна кариера во компанијата, Мукаетов ги наведе изборот на британската Medicines and Healthcare products Regulatory Agency за референтна агенција во 2007 година и добивањето на првата маркетиншка авторизација за пазарите во ЕУ, дигиталната трансформација со воведувањето на САП, инвестициите во истражување и развој, како и отворањето на „Алкалоид ИНТ“ во Љубљана како хаб за Европската Унија. Меѓу значајните развојни чекори ја посочи и одлуката да се инвестира во производство на цефалоспорини наспроти беталактами, благодарение на која „Алкалоид“ денес е најголем производител на цефалоспорини во Европа и во Евроазија според обемот на производството.

Говорејќи за актуелното работење, Мукаетов посочи дека и покрај сложеното глобално економско опкружување, резултатите на „Алкалоид“ и во 2026 година бележат раст. Компанијата над 60 % од своите пласмани реализира на странските пазари, а очекува годината да ја заврши со консолидирани пласмани меѓу 355 и 360 милиони евра, наспроти 339,3 милиони евра во 2025 година. Од 2006 година наваму консолидираните пласмани на „Алкалоид“ се зголемени речиси седумкратно.

Меѓународната експанзија останува еден од клучните столбови на долгорочната стратегија на „Алкалоид“, кој денес има 27 подружници надвор од Македонија и пласира производи на повеќе од 50 пазари во светот. Плановите се насочени кон натамошно проширување на теренското присуство со отворање нова подружница во Полска до крајот на годинава, додека меѓу пазарите од потенцијален интерес за следните години се Узбекистан, Јужна Америка и регионот ЛАТАМ.

Посебен акцент во специјалниот говор беше ставен и врз трансформациите во фармацевтската индустрија, инвестициите во истражување и развој, производите со додадена вредност и примената на вештачката интелигенција. Мукаетов нагласи дека „Алкалоид“ веќе применува решенија базирани на вештачката интелигенција во повеќе сегменти од работењето, со цел создавање нова вредност, развој на производи и услуги и подобрување на ефикасноста.

  • „Стратегијата ја градиме таму каде што имаме знаење и можност да создадеме додадена вредност. Не мора да бидете најголеми за да бидете иновативни. Важно е навреме да препознаете каде можете да направите разлика“, порача Мукаетов.

„Алкалоид“ е присутен на Македонската берза уште од нејзиното формирање во 1996 година, додека котацијата на првиот официјален пазар се случила на 13 ноември 2002 година. Котирањето донело повисоки стандарди на транспарентност и редовно објавување финансиски и деловни информации, а со тоа и поголема одговорност спрема акционерите, инвеститорите и јавноста.

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top