Бизнис

Просечната плата во Македонија стигна 740 евра – но дали секој ги добива овие пари?!

Намалување на просечната бруто-плата, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување за 8,2 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,1 отсто и транспорт и складирање за 2 отсто.

Убава вест за граѓаните, но лоша за оние кои немаат пари. Во битката меѓу празниот џеб и полната кошничка, платата во јуни замина чекор напред. Со 45.468 денари нето и 68.340 денари бруто, македонските плати растат како статистика, но дали расте и животниот стандард Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни изнесувала 68.340 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

  • „Во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8,5 отсто. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите образование за 14,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 13 отсто и рударство и вадење на камен за 12,3 отсто“, наведено е во соопштението од ДЗС.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување за 8,2 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,1 отсто и транспорт и складирање за 2 отсто.

Неодамна ДЗС објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2025 година, изнесува 45.468 денари.

Најнови вести од: Бизнис

Гувернерот на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка

Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки соработуваат и разговараат за состојбите во глобалната економија, финансиската стабилност, монетарната и фискалната политика, развојното финансирање и предизвиците со кои се соочуваат земјите членки.

Славески: Се стабилизира растот на цените на становите, мерките на НБ поддржуваат прво купување дом

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

Шведскиот пазар како следен чекор за македонските брендови, Бизнис Арена ги поврзува компаниите со нови можности за раст

„Бизнис Арена 2026“ на 14 октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе ги обедини компаниите, експертите и деловните партнери околу можностите за раст и настап на нови пазари.

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

To top