Бизнис

Се работи на спојувањето на Коридорот 10 со коридорот Струма во Бугарија

Николоски истакна дека Јавното претпријатие за државни патишта веќе ја финализираше постапката за проектирање на едната траса од експресниот пат што ќе го поврзе Коридор 10 со Коридор Струма во Бугарија. Оваа делница ќе ги опфати Смоквица, Валандово, Струмица, Ново Село и границата со Бугарија.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, беше во работна посета на Општина Струмица, каде што присуствуваше на Свечената седница по повод Денот на заштитниците на градот – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. При средбата со градоначалникот на Струмица, министерот истакна дека се работи на реализација на најголемото ветување – поврзувањето на Коридор 10 со Коридор Струма во Република Бугарија.

  • „Би сакал да спомнам дека по завршување на локалните избори во интензивна соработка сме со градоначалникот и новата општинска администрација, веќе бројни работи се придвижуваат. Најголемата и она што го ветивме е поврзување на Коридор 10 со Коридор Струма во соседна Бугарија, односно изградбата на експресниот пат кој што оди од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село и граница со Бугарија“, изјави Николоски.

Тој информираше дека Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) веќе го заврши проектот за едната траса од експресниот пат. Проектот за втората траса е во напредна фаза, а Владата сериозно работи на изнаоѓање на финансирање за целосната реализација на проектот.

Николоски нагласи дека Владата планира поддршка за вкупно 14 инфраструктурни проекти во Општина Струмица.

  • „Има 14 големи проекти за старт на оваа локална самоуправа што мислам дека е нешто што Струмица подолго време го нема и ќе продолжи поддршката на Владата, мојата лична поддршка и на премиерот да работиме на нови проекти во периодот кој што следи“, истакна вицепремиерот.

Меѓу овие проекти, се работи на две поголеми улици, десет се во постапка за избор на изведувач, а два се реализираат преку Министерството за животна средина. Николоски најави и нов, посериозен работен состанок со градоначалникот за утврдување на идните приоритети.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top