Бизнис

Што сериозно треба да се преземе за намалување на инфлацијата?!

Претстојниот изборен циклус нема да има големо влијание врз економските текови во државава – велат познавачите. Сепак, пред секои избори бизнисот е претпазлив, граѓаните велат трошат колку што им е длабок џебот.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за живот во јули, на годишно ниво пораснала за 4,8 насто, додека цените на мало бележат раст од 5,3 проценти. Неопходни ќе бидат вложувања кои носат додадена вредност – велат познавачите. Сепак Централната банка очекува до крајот на годинава трошењата од државната каса да се во рамки на проектираното, и буџетскиот дефицит, да не притискаат политики за раст на платите.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изрази убедување дека се спроведуваат мерки за редуцирање на инфлацијата на ниво под три проценти, во што забележува охрабрувачки знаци од Владата.

“Навистина сакаме да се симнеме на инфлација под 3 проценти. Тука има охрабрувачки сигнали од страна на Владата, помалку популизам од аспект на притисоците за раст на платите.”

Тој додаде дека најверојатно до крајот на годината ќе бидат вложени напори и преземени мерки за да се усогласи буџетот со предвидените рамки, особено дефицитот во однос на трошењето.

“Најверојатно до крајот на годината ќе има напори, мерки, да се вклопи буџетот во рамки на она што е придвидено, буџетскиот дефицит од аспект на трошењето. Тоа е фискалниот аспект.”

Славески појасни дека сите дополнителни макропрудентни мерки, како и конзервативниот пристап кон основната каматна стапка на благајничките записи која не е променета од јануари, се насочени кон намалување на инфлацијата на прифатливо ниво.

“А сето она што го правиме со дополнителни макропрудентни мерки како што ги нарекуваме, претпазливоста од аспект на основната каматна стапка на благајничките записи која што од јануари не ја имаме променето, сето тоа е во насока на некој начин на намалување на инфлацијата на едно прифатливо ниво.”

Тој истакна дека прифатливо ниво е она кое нема да ги засега граѓаните. “Тоа прифатливо ниво е кога нема да ги тангира луѓето. Ќе има блага ползечка инфлација секогаш да речеме од околу два проценти, којашто нема да ја перципираме и нема да влијае на нашите одлуки и очекувањата”, изјави Славески.

Наместо во октомври, поевтините плаќања во Единствената област за плаќање во евра, ќе стартуваат од декември, во фаза на подготовка и адаптација се активностите за СЕПА системот.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Како ќе изгледа новиот охридски аеродром кој за само два месеца опслужил над 28.000 патници

Со 4 нови линии што ќе започнат од охридскиот аеродромот со летниот распоред на летови (Милано, Виена, Вроцлав и Катовице), како и претходно започнатата нова линија до Братислава, ТАВ Македонија очекува овој двоцифрен раст на патничкиот сообраќај да продолжи. Моментално, од Охрид, како една од најважните туристички дестинации во регионот, летаат 8 авиокомпании до 17 дестинации, меѓу кои 3 се чартер летови.

Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитална адекватност, ликвидност и профитабилност. Довербата на граѓаните и компаниите се потврдува преку постојаниот раст на депозитите, дури и во услови на зголемена неизвесност.

(Фото): Потпишан колективниот договор за административците – етапно ќе растат платите до 40%

Министерството за јавна администрација со овој чин ја потврдува својата заложба за градење современа, ефикасна и правично организирана јавна администрација, во која се создаваат подобри услови за професионален развој, институционална стабилност и долгорочна мотивација на вработените.

Геополитичкиот ризик ја турка нагоре цената на нафтата – блокадата на Ормускиот тесенец сеуште трае

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари продолжија да растат и надминаа 111 долари за барел, при што инвеститорите остануваат скептични дека САД и Иран наскоро би можеле да го решат конфликтот преку преговори.

To top