Бизнис

(Фото): Скопскиот и белградскиот аеродром со најголем раст на патници во регионот

Аеродоромите во Скопје и во Белград, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред сè на проиширувањето на авиолиниите на „Виз ер“.

Скопскиот аеродором планира до 28 март да опслужи околу 548.000 патници повеќе од лани, а белградскиот 518.000. На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24.000 патници, објави специјализираниот портал „Ex-Yu aviation“. Речиси сите аеродроми во поранешна Југославија го зголемуваат својот расположлив капацитет во споредба со минатата година.

Аеродромот во Загреб ги комплетира првите три со најголем раст во регионоот, со 176.000 патници повеќе од зимската сезона 2024/25, а главен двигател таму е „Кроација ерлајнс“, која ja проширува својата флота и мрежа.

Четврти по раст се очекува да биде аеродромот во Сараево со 113.000 патници, тузланскиот планира зголемување за 96.000 , љубљанскиот за 91.000, а аеродоромот во Ниш за 88.000 патници.

Севкупно, пазарите на поранешна Југославија оваа зимска сезона нудат 13.165.258 седишта на редовни летови во 84.633 авиооперации.

Најпрометна меѓународна дестинација кон која се насочени авиоператорите од регионот, е аеродромот во Истанбул, со 473.568 патници, по што следуваат Цирих со 414.502 и Истанбул – Сабиха Гокчен со 342.704.

За оваа зима досега вкупно се закажани 26 нови рути од аердормите во поранешна Југославија.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Нема ценовен шок, имаме стабилност во снабдувањето со нафта, рече премиерот

Владата успешно се справува со економските предизвици, нема ценовен шок, инфлацијата е најниска во регионот, а приоритет останува зголемувањето на стандардот на граѓаните. Како што истакна премиерот Мицкоски, почетокот на годината носи охрабрувачки показатели – Владата и бизнис-секторот работат на стабилноста, заштитата на стандардот и на долгорочниот раст, а компаниите имаат доволно резерви за снабдување.

„Платите се мизерни, излезете да се бориме за нив“ – Трендафилов ги повика работниците на протест

На прес-конференција која се одржа во Работничкиот дом, Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов го најави новиот голем работнички протест за зголемување на работничките плати и упатувајќи повик за присуство на сите работници и на сите граѓани.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

Најнови вести

To top