Бизнис

Трамп побогат за 2,7 милијарди долари од почетокот на вториот мандат

Никој во историјата на САД не заработил толку многу од политиката, пишува американското списание „Форбс“

Американскиот бизнис-магазин „Форбс“ ја проценува нето вредноста на американскиот претседател на приближно 7 милијарди долари, во споредба со 4,3 милијарди во времето на неговата победа на последните претседателски избори во САД пред две години.

Изданието пишува дека никој во историјата на САД не заработил толку многу од политиката. Главните извори на овој раст биле проекти за криптовалути и странски зделки.

Сепак, во текот на изминатата година, нето вредноста на Трамп се намали малку – за приближно 300 милиони долари – поради падот на вредноста на „Трамп Медиа“, монетата $TRUMP и токените на World Liberty Financial.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top