Бизнис

(Видео): Квалитетот и општествената одговорност се темел на македонскиот раст, вели бизнисменот Бокан

Покрај деловниот ангажман, Бокан е активен и во јавниот и во професионалниот живот. Член е на Управниот одбор на Стопанската комора на Црна Гора, како и на Бизнис-советот на Економскиот факултет при Универзитетот на Црна Гора. Од 2011 година е претседател на кошаркарскиот клуб „Будуќност Воли“, а од јули 2025 година ја извршува функцијата претседател на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора.

Со повеќе од 30 години искуство во бизнисот, споделува вредни информации за развојот на семејниот бизнис, како и за стратегиите за раст, иновации и за одржливост на компанијата. Станува збор за Драган Бокан, претседател на Одборот на директори на „Воли трејд“, еден од највлијателните бизнис-лидер во Црна Гора. Според Бокан, секој што влегува во бизнисот има одредена визија или сака да заработи. Луѓето започнуваат бизнис во областа која ја чувствуваат како најблиска или во која имаат најголемо искуство.

Својата професионална кариера ја започнал во компанијата „Приморка“ АД, а во 1995 година со сопствени средства ја основал компанијата „Воли трејд“. Компанијата започнала со еден објект, шест вработени и со минимален промет и профит, а со текот на времето прераснала во водечка трговска компанија за малопродажба и за големопродажба во Црна Гора, со најголем приход во приватниот сектор и со околу 2.500 вработени.

  • „Бизнисот го започнав од егзистенцијални причини, но потоа кај мене се разви чувството за дополнителни вредности, чувството дека можам повеќе и подобро. Така ’Воли трејд’ стана најдобрата компанија во Црна Гора според квалитетот и според брзината на испораката“ и додава: „Никогаш не размислував колкав профит ќе имам, туку да го подигнам квалитетот на компанијата“, вели Бокан.

Во 2011 година ја основал и компанијата „Воли моторс“, овластен продавач на возилата BMW, Mini и Motorrad, со модерен продажно-сервисен центар. Зборувајќи за иднината, Бокан нагласува дека од голема важност му е неговите деца да го продолжат она што е започнато, да се едуцираат и да се здобијат со работни навики на реално место и со реални бизнис-искуства комуницирајќи со вистинските луѓе, а тоа ќе придонесе и за нивниот професионалниот развој, како и за развојот на бизнисот.

Покрај деловниот ангажман, Бокан е активен и во јавниот и во професионалниот живот. Член е на Управниот одбор на Стопанската комора на Црна Гора, како и на Бизнис-советот на Економскиот факултет при Универзитетот на Црна Гора. Од 2011 година е претседател на кошаркарскиот клуб „Будуќност Воли“, а од јули 2025 година ја извршува функцијата претседател на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора.

Како еден од иницијаторите за формирање на Јадранската кошаркарска асоцијација – Adriatic Basketball Association (ABA-лига), Бокан бил претседател и член на Претседателството на Лигата, а и денес е активен член на нејзиното раководство.

Меѓу големиот број признанија што ги има добиено како најзначајни ги издвојува Најдобар менаџер во Југоисточна и Централна Европа и Менаџер на годината во Црна Гора. Во јавноста е познат по големиот број иницијативи во областа на бизнис-иновациите, корпоративната општествена одговорност и придонесот за развој на црногорската економија.

Најнови вести од: Бизнис

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – се запознаа со роботско производство и технологии

Станува збор за девет ученици од образовните профили машински техничар и бравар/заварувач, кои имаа можност одблиску да се запознаат со современите индустриски процеси и технологии што се применуваат во компанијата

Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија

Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори, рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Плата од над 2.000 евра за овчар, ама никој не сака да работи – нов скок на цената на храната

Земјоделците се соочуваат со потешкотии, како што се ниските откупни цени, но и недостиг од работна сила. Овчарите се дефицитарен кадар и веќе не може да се најде овчар ниту за плата од 2.000 евра. Надлежните велат дека кадар нема ни за лек, посебно млади земјоделци.

Генералното собрание на НФФ: Можност за развој на мали земјоделци и производители

Претседателот на НФФ го претстави и моделот на договорно производство како ефикасен механизам за обезбедување сигурен пласман и стабилни приходи за земјоделците, со конкретен пример од производството и пласманот на пченица.

Од 96 на 100 денари за литар масло, инспекцијата забележала поскапување и на цената кај јајцата

Пазарниот инспекторат пак на терен – велат дека трговците го почитуваат она што го ветиле кај премиерот. Млекото, млечните производи месото и сувемеснатите – се продаат по стара цена. Скок има кај маслото за јадење и кај јајцата, затоа што им се зголемиле цените на суровините за нив на светските берзи.

To top